Театар Комедија – 2026 год.

НУ Театар Комедија - Скопје, за драмска дејност за која, за 2026 година е обезбеден буџет од страна на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија од 5.000.000,00 денари, по претходна согласност од Управниот одбор, даде согласност финансиските средства да бидат распоредени во следниве пет проекти:

  1. 1. "Кој сум јас?", во режија на Наташа Поплавска, во висина од 1.500.000,00 денари;
  2. 2. "Избраниот", во режија на Јане Спасиќ, во висина од 1.500.000,00 денари;
  3. 3. "Цуци", по текст на Онур Озџан и Александра Кардалевска, во режија на Александра Кардалевска, во висина од 650.000,00 денари.

    Со одлука на Управниот одбор на Театар Комедија, на ден 08.06.2026, предвидениот проект Боеми, според Петре М. Андреевски, во режија на Андреј Цветановски, се заменува со проектот "Цуци", по текст на Онур Озџан и Александра Кардалевска, во режија на Александра Кардалевска. Предвидените финансиски средства за реализација на проектот се пренесуваат во целост, во висина од 500.000,00 мкд. Кон нив се додаваат и 150.000,00 мкд од предвидените 300.000,00 за Театарска работилница на Мартин Кушеј;
  4. 4. "Театарска работилница - Мартин Кушеј", во висина од 150.000,00 денари и
  5. 5. "Еуродрам 2026", во висина од 1.200.000,00 денари.

За меѓународна соработка, за 2026 година е обезбеден буџет од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија од 650.000,00 денари. По претходна согласност од Управниот одбор, НУ Театар Комедија - Скопје даде согласност финансиските средства да бидат искористени за гостување на претставата “Ивона, принцезата на Бургунд” на фестивал во Радом, Република Полска.

За одржување на објектите и опремата, за 2026 година е обезбеден буџет од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија од 100.000,00 денари, по претходна согласност од Управниот одбор, даде согласност финансиските средства да бидат распределени за купување опрема.