Важно е да се викаш Ернест
Автор: Оскар Вајлд
Режија: Ирена Стеријовска
Сценографија: Стефан Спировски
Костимографија: Ана Кркулевска
УЛОГИ:
Џон Вортинг – Атанас Атанасовски
Алжернон Монкриф – Валентин Костадиновски – Тино
Д-р Чејсбл, парох – Жарко Димоски
Лејн, собар – Илија Илиоски
Лејди Брекнел – Зорица Нушева
Гвендолин Феарфакс – Нина Деан
Сесил Карду – Кристина Ласовска
Г-ца Призм, гувернанта – Тања Мицков
Премиера: 7 мај 2014
Неколку лика, секој од нив води двоен живот, дами од високото општество и нивните ќерки чија единствена цел е добро да се омажат и цела низа на прекрасни зајадливи, сатирични дијалози.
Двајца пријатели, секој од нив плејбој на свој начин, забавувачи и оригинални во нивните намери да ги избегнат општествените обврски и со измама да го добијат она што го сакаат.„Важно е да се викаш Ернест“ е приказна за љубовта. Приказна во која на духовит и ведро сатиричен начин остро се критикуваат и се исмејуваат некои од општествените болести.
Една безвременска бајка во која љубовта ги победува сите пречки – Amor Vincit Omnia.