Гостувањето на Одбраната на сакатиот на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје
КУД Борза, Словенија
Клуб Стендап Комедија Марибор
Одбраната на сакатиот
<<Комедија>>
Режисер: Матјаж Латин
Актер: Симон Шербинек
Костимограф: Мири Стрнад
Избор на музика: Матјаж Латин
Тон мајстор: Марко Јакопанец
Ликовно обликување на куклата: Петер Шкерл
Автор на извадок од бајка: Светлана Макаровиќ
Лектор: Симон Шербинек
Тон мајстор: Рок Куковец
Фотографија и графички дизајн: Матјаж Венцел
Претставата „Одбраната на сакатиот“ е продолжение на соработката на актерот Симон Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа успешната монодрама „Кревкост“. Монодрамата „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е базирана на автобиографската приказна на Симон Шербинек.
„Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. Актерот ја раскажа својата лична приказна навидум опуштено, со голема доза социјална критика и самоиронија.
Во исто време, претставата отвора и крши различни табуа поврзани со попреченоста и допира болни лични и социјални теми. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење – искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала.
Но, и покрај губењето на двете нозе, актерот Шербинек повторно пронаоѓа смисла, завршува два факултети и основа семејство. Во никој случај не станува збор само за биографски податоци, туку изведувачот на сцената се обидува да доживее преродба и помирување со минатото.
Тогаш си реков: „Еј, човеку, кажи веќе еднаш во претставата кога всушност стана таков каков што си…“ Она што сум, станав откако ги изгубив нозете.
Продуцент Славко Шкворц
Продукција Културно уметничко друштво Борза
Копродуцент: Куклен театар Марибор и Društvo paraplegikov Podravja