Женидба

Автор: Николај Васиљевич Гогољ

Режија: Дејан Пројковски

Асистенти на режија: Ѓорги Ризески, Драгана Таневска

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Благој Мицевски

Музика: Горан Трајковски

 

УЛОГИ:


Иван Кузмич Паткаљосин – Атанас Атанасовски

Илија Фомич Кочкарјов – Валентин Костадиновски

Фјокла Ивановна – Зорица Стојановска (Нушева)

Агафија Тихоновна – Нина Деан

Арина Пантелејмоновна – Кристина Ласовска

Иван Павлович Кајгана – Едмонд Сотир

Балтазар Балтазарович Жевакин – Роберт Ристов

Никанор Иванович Анучкин – Игор Георгиев

Степан – Теоман Максут

Дуњашка – Анкица Бенинова

 

Премиера: 18 јануари 2013

Гогољ ја напишал комедијата „Женидба“ како коментар на популарните романтични комедии од почетокот на 19 век во Русија. Претставата „Женидба“ е претстава за љубовта, односно за потрагата по љубовта. Се занимава со прашањата –  што е љубовта денес, умееме ли да ја препознаеме, умееме ли доволно да дадеме од себе за љубовта. Се занимава со темата на бракот, одлуката и препознавањето на вистинскиот човек.

Претставата се врти на две позиции – едната е како Сизиф, секогаш од почетокот на планината стигнуваме до врвот, пронаоѓајќи ја љубовта и освојувајќи, за потоа повторно да почнеме да се качуваме до врвот.

Затоа што една од најважните работи во љубовта е освојувањето, кое треба постојано да го правиме. А слично и како Диоген, со фенер во рака се движиме, обидувајќи се да ја видиме и препознаеме вистинската љубов… 

 

Награди:

Три награди (за најдобар млад актер, најдобра музика и најдобра костимографија) на 48. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2013 година.