„Ревизор“ – Николај Василевич Гогољ
Режија и адаптација: Андреј Цветановски
Сценограф: Сергеј Светозарев
Костимограф: Ивана Каранфиловска
Музика: Димитар Андоновски
Играат:
Тони Денковски
Сергеј Димоски
Виктор Арсов
Жаклина Стевковска Дрнасин
Едмонд Сотир
Илија Илиоски
Столе Мицов
Јаков Спасов
Ангела Стојановска
Марија Кондовска
Христијан Поп Симонов
Жаклина Петровска
Инспициент: Нурјамет Рушити
Суфлер: Весна Куковска
🎥 @machinaproduction
Ревизор зборува за малограѓанштината не како
географска одредница, туку како состојба на духот.
Зборува за стравот од нешто повисоко и за
расипаноста на оние кои го обожуваат врховното
божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните
кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум
на Петербург. Оваа претстава зборува за
човековиот страв од власта и потребата од моќ, кои
како појави се појавуваат во овој систем и го јадат
одвнатре до точка од која нема враќање.
Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе
живееме во свет во кој моќта претставува основна
човечка карактеристика? И она најважното… Сите
ли сме си наши?
– Андреј Цветановски
Режисер