10 Години Театар Комедија

2012 - 2022

33 Премиери

922 Изведби

258.292 Публика

Првите десет години се најтешки, е мислење што често се слуша меѓу народот, а сѐ понатаму е песна. Да бидеме искрени – нам и овие десет години ни беа како песна. Затоа со огромна радост ќе го пречекаме 27 март 2022 година и на Светскиот ден на театарот ќе влеземе во втората деценија на Театар Комедија.

“Во нашиот театар има нешто помалку од 340 седишта и се многу попримамливи и барани, и тие се, всушност, жешките точки во нашиот театар. Столчињата на современите раководители се само фигуративна назнака и претпоставувам дека новите генерации раководители ќе се плашат од „седнување“ на столчето и брзо ќе го фатат динамичниот ритам на работа. Столот како дизајн го заробува телото во неприродна позиција, а човекот треба да се движи. Без еснафски однос, без почитување на работното место и колегите, нема напредок. И нема протекции, само професионален пристап кон работата. Театарот е нашата егзистенција. Се надевам секој од колективот, вклучително и мене, ќе си ја гледаме работата, ќе го одделуваме семето од каколот и насмеани ќе дочекуваме публика.” 
Дарко Спасов – В.Д. Директор на НУ Театар Комедија

листа на сите наши премиери

Highlights 2012-2022

"Ах, љубов моја" - одбележување на 10-годишниот јубилеј на Театар Комедија

Премиери во 2021

25.09.21
ГРДИОТ Режија - Ирена Стеријовска
18.11.21
АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО Режија - Александра Кардалевска
21.12.21
Клетвата на Скотје Режија - Синиша Евтимов

Фестивали во 2021

21.05.21
ДАФ – Кочани Со претставата "На отворено"
04.06.21
Охридско лето Со претставата "Вечера за глупаци"
02.10.21
Војдан Чернодрински - Прилеп Со претставата "Вечера за глупаци"
29.11.21
Фестивал на актерот – Никшиќ Со претставата "Боливуд (Мјузикл)"
07.12.21
Ускана фест - Кичево Со претставата "Вардарски пастуви"