Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Атанас Атанасовски

 Роден на 14.04.1989 год. во Скопје.

 

ОБРАЗОВАНИЕ:

 Факултет за драмски уметности – Скопје, во класа на Владо Цветановски и Мими Таневска, 2012 година.

 

УЛОГИ ВО ТЕАТАР:

 

  • Алсаст - „Мизантроп“ (Ж.Б.П.Молиер), режија: Ана Вукотиќ, Театар Комедија, 2018
  • Јоце Коцев - „Не сега, драга“ (Реј Куни), режија: Коле Ангеловски, Театар Комедија, 2018
  • Aтанас Атанасовски – ,,Чао Пријатно“ (Питер Кук, Дадли Мур, Ник Крол, Џон Мјулени), режија: Синиша Евтимов; продукција: „Чао пријатно“, 2018
  • Петре Шајче – ,,Сон на летната ноќ“ (Вилијам Шекспир), режија: Андреј Цветановски; Театар Комедија, 2017
  • Спасе – ,,Трудна Приказна“ (Благица Секулоска), режија: Лидија Дедовиќ; Театар Комедија, 2017
  • Aдам – „Случајот Хармс“ (Данил Хармс), режија: Дино Мустафиќ; Театар Комедија, 2016
  • Џаро – „Вардарски Пастуви“ (според Ентони Мекартен и Стивен Синклер),режија: Синиша Евтимов; Театар Комедија, 2016
  • Серафим Серафимовски – „Господарот на кукавицата“ (Венко Андоновски),
    режија: Андреј Цветановски; Театар Комедија, 2015
  • Виктор Богдановски – „Име“ (Александар де ла Пателие и Матје Делапорт), режија: Нени Делместре; Театар Комедија, 2015
  • Поетот – „Станица Љубов“ (Александар Русјаков), режија: Синиша Евтимов;
  • продукција: „Станица 26“, 2015
  • Советникот – „Лисистрата“ (Аристофан), режија: Наташа Поплавска; Театар Комедија, 2014
  • Каубојот – „Чувството на брадата“ (Ксенија Драгунска), режија: Борис Лијешевиќ, Театар Комедија, 2014
  • Бенедикт – „Многу врева за ништо“ (Вилијам Шекспир), режија: Дејан Пројковски; Театар Комедија, 2014
  • Џон Вортинг – „Важно е да се викаш Ернест“ (Оскар Вајлд), режија: Ирена Стеријовска; Театар Комедија, 2014
  • Бернард – „Стјуардеси“ (Марк Камолети), режија: Синиша Евтимов; Театар Комедија, 2013
  • Џими – „Вејка на ветрот“ (Коле Чашуле), режија: Ирена Стеријовска; Театар Фабрика, 2013
  • Хамлет – „Хамлет во пикантен сос“ (Алдо Николај), режија: Александра Кардалевска; Театар Комедија, 2013
  • Петре Предавникот – „Лет над кандидатското гнездо“ (Блаже Миневски), режија: Андреј Цветановски; Tеатар Комедија, 2013
  • Иван Кузмич Поткаљосин – „Женидба“ (Н. В. Гогољ), режија: Дејан Пројковски; Театар Комедија, 2012
  • Гробарот – „За секого има по една...“ (Венко Андоновски), режија: Владлен Александров; Театар Комедија, 2012
  • Селпин – „Ах, љубов моја“ (Коле Ангеловски), режија: Коле Ангеловски; Театар Комедија, 2012
  • Били Бибит – „Лет над кукавичјото гнездо“ (Кен Кејси), режија: Александра Кардалевска; Младински културен центар, 2012
  • Алсест – „Мизантроп“ (Жан Батист Поклен Молиер), режија: Билјана Радиноска; Театра, 2011
  • Кенди – „Класен непријател“ (Најџел Вилијамс), режија: Васил Христов; Wonderland Theatre, 2010
  • Јаков – „Темпирана опера“ (Ентони Бриџис и Бертолт Брехт), режија: Васил Христов; Македонски народен театар, 2010

 

УЛОГИ ВО ФИЛМ:

 Цобе ,,Исцелител“ – Ѓорче Ставрески 

  • Режија: Ѓорче Ставрески
    Продукција: Фрагмент филм (2017)

 Селпин „Ах, љубов моја“ – Коле Ангеловски

  • Режија: Коле Ангеловски
     Продукција: Авард филм (2016)

 

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:

  • Награда „Најдобра машка улога “ за улогите во претставата „Чао Пријатно“, на Меѓународниот фестивал ФИАТ во Подгорица, Р. Црна Гора. (2018)
  • Награда за најдобар актер на фестивалот „Насмевка на Сараево“ – Сараево, БИХ, за улогата на Виктор Богдановски во претставата „Име“ во режија на Нени Делместре (2017)
  • „Златна бубамара на популарноста“ – Млад актер на годината (2012) за улогата на Бернард во претставата „Стјуардеси“ во режија на Синиша Евтимов (2013)
  • Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер во рамки фестивалот „Војдан Чернодрински“ (Прилеп) за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет во пикантен сос“ во режија на Александра Кардалевска (2013) 

Атанас Атанасовски може да го гледате во следниве претстави од репертоарот на Театар Комедија: