Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“

Мирјана Ристов

Родена на 29.09.1980 година во Скопје.

 

ОБРАЗОВАНИЕ И РАБОТНО ИСКУСТВО:

  • Во декември 2017 година е назначена за уметнички раководител во Театар Комедија
  • Од 2014 година работи како актер во Театар Комедија
  • Семинар за танцов театар – Џенифер Алисон (САД), Центар „Локомотива“, 2005
  • Акција за граѓанство преку театар – фасилитатор по драмска и танцова работилница, НВО Крик, Италија и Детска амбасада Меѓаши, 2002
  • Семинар за осознавање на телото и движење, Театар Бонд – САД, Театар на народностите и Театар Боеми – Скопје, 2002
  • Дипломиран актер на Нов бугарски универзитет – Софија

  

ТЕАТАРСКИ УЛОГИ:

  • Кристина – „Жена ми се вика Борис“ (Рафи Шарт), режија: Синиша Евтимов, НУ Театар Комедија – Скопје, 2017
  • Муцка, Ѕидот, Јулија – „Сон на летната ноќ“ (Вилјам Шекспир), режија: Андреј Цветановски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2017
  • Џил Тарнер – „Дони Дарк“, режија: Роберт Ристов, НУ Театар Комедија – Скопје, 2017
  • Актерка 2, Бабата – „Случајот Хармс“ (Д. Хармс), режија: Дино Мустафиќ, НУ Театар Комедија – Скопје, 2016
  • Кети Соколовска – „Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“ , режија: Ѓорѓи Ризески НУ Театар Комедија – Скопје, 2016
  • Втората невеста (Србинката) – „Господарот на кукавицата“ (Венко Андоновски), режија: Андреј Цветановски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2015
  • Призам (алтернација) – „Важно е да се викаш Ернест“ (Оскар Вајлд), режија: Ирена Стеријовска, НУ Театар Комедија – Скопје, 2015
  • Емилија (алтернација) – „За секого има по една“ (Венко Андоновски), режија: Владлен Александров, НУ Театар Комедија – Скопје, 2016
  • Даница – „Нажалена фамилија“ (Б. Нушиќ), режија: Драгана Милошевска, НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, 2013
  • Детето – „Духот на слободата“ (Горан Стефановски), режија: Лука Кортина, НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, 2012
  • Бети – „Бети на село“, режија: Роберт Ристов, НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, 2011
  • Птицата – „Дом за птици“ , режија: Горан Тренчевски, театар „Џинот“ – Велес

 

ПРИВАТНА ТЕАТАРСКА ПРОДУКЦИЈА ТЕАТАР КРИК – СКОПЈЕ

Од 2004 година (па до денес) активно работи во приватниот театар Крик од Скопје, каде што има одиграно голем број улоги:

  • Кети Соколовска – „Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“, режија: Ѓорѓи Ризески, Театар Крик, Скопје, 2016 (која е на репертоарот на НУ Театар Комедија)
  • Трајанка – „Гола до пола“, режија: Никола Ристов, Театар Крик, Скопје
  • Жената – „Хипертензија“ – кореоперформанс, режија: Александар Илиев, Театар Крик, Скопје
  • Ленче – „Ленче од Австралија“, режија: Роберт Ристов; Театар Крик, Скопје
  • Ана – „Несудена“, режија: Војо Цветановски; Театар Крик, Скопје
  • Марија – „Едно утро“ – режија : Војо Цветановски – Театар Крик, Скопје

 

     ПРЕТСТАВИ ЗА ДЕЦА:

  •  Бети – „Диме и Симе во градинка“; Палче – „Палче“;  Роза – „Троловите се спас за Дедо Мраз“;  Принцезата – „Принцот жаба“;  Маша – „Маша и нејзината волшебна приказна“;   Девојчето – „Зеленковци“,   Мони – „Белите мечиња“;  Принцезата -  „Разгалената принцеза“; Мачето Мјау – „Ав-ав и Мјау-мјау“,  Лударка – „Печурковци“,  Штурчето – „Штурецот и мравката“,  Принцезата – „Принцезата од шумата“;  Пајчето – „Пајчето Патко“;  Принцезата – „Џуџето Румпелштилцхен“; Џуџето – „Дедо Мраз и џуџињата“, Лебедот – „Црниот лебед“, и многу други.

 

ТВ И ФИЛМСКИ УЛОГИ:

  • Жената (главна женска улога) – „Епидемија“, режија: Златко Костадиновски, 2014
  • Девојката (главна женска улога) – „Ти си жива“, режија Марија Џиџева, 2005
  • Повеќе улоги  – „Македонски народни приказни“ (МТВ и ТВ Сител), 2011-2013

НАГРАДИ:

  • Наградата за женска улога доделена од Меѓународната театарска асоцијација НЕТА, во рамките на 26. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица.

 

Мирјана Поповска Ристов може да ја гледате во следниве претстави од репертоарот на Театар Комедија: