Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

РОБЕРТ РИСТОВ

Роден на 09.01.1975 година во Неготино.

 

ОБРАЗОВАНИЕ:

 

  • МА – Магистер по уметности од областа на театарската режија, Факултет за аудиовизуелни уметности ЕФТА, 2018
  • Дипломиран драмски актер на ФДУ, Скопје, во класата на Љубиша Георгиевски (со претставата „Лифтот од горе“ (Х. Пинтер), режија: Златко Славенски), 2002

 

РАБОТНО ИСКУСТВО:

  • Од ноември 2017 до ноември 2018 година работеше како раководител на одделението за продукција, маркетинг и односи со јавноста во Театар Комедија
  • Селектор на фестивалот „Гола Месечина 2018“  
  • Од 2012 е редовно вработен во Театар Комедија
  • Во периодот 2008-2012 е хонорарно/редовно вработен во театар „Џинот“ – Велес
  • Од 2005 е член на приватната трупа Театар Крик
  • Во периодот 2003-2006 е хонорарно вработен во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово

 

УЛОГИ ВО ТЕАТАР:

 

  • Тасе - „Викенд на мртовци“ (Миле Поповски), режија: Ѓорѓи Ризески, НУ Театар Комедија – Скопје, 2018
  • Алек – „Жена ми се вика Борис“ (Рафи Шарт), режија: Синиша Евтимов, НУ Театар Комедија – Скопје, 2017
  • Режисерот/Чубуков – „Бракот е брак“ (според „Просидба“ – Чехов) режија: Теа Беговска, НУ Театар Комедија – Скопје, 2017
  • Ѓорѓи Мучев – „Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“, режија: Ѓорѓи Ризевски, НУ Театар Комедија во копродукција со „Театар Крик“, 2016
  • Златарот Злате – „Господарот на кукавицата“ (Венко Андоновски), режија: Андреј Цветановски, НУ „Театар Комедија“– Скопје, 2016
  • Неколку ликови – „Некрстени Денови“ (Т. Стојановски), режија: Слободанка Чичевска; Театар „Скрб и утеха“, 2009
  • Дон Хуан – „Многу врева за ништо“ (В. Шекспир), режија: Дејан Пројковски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2015
  • Петар – „Име“ (Матје Делапорт и Александар де ла Пателие), режија: Нени Делместре, НУ Театар Комедија – Скопје, 2015 год.
  • Иван Камазов – „Чувството на брадата“ (Ксенија Драгунска), режија: Борис Лијешевиќ, НУ Театар Комедија – Скопје, 2014
  • „Мајка храброст“ (Б. Брехт), режија: Ѕвезда Ангеловска, 2014 год.
  • Лаерт – „Хамлет во пикантен сос“ (Алдо Николај), режија: Александра Кардалевска, НУ Театар Комедија – Скопје, 2013
  • Балтазар Балтазаровиќ – Жевакин – „Женидба“ (Гогољ), режија: Дејан Пројковски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2013
  • Моно/Стерео Самоников – „За секого има по една“ (Венко Андоновски), режија: Владлен Александров , НУ Театар Комедија – Скопје, 2012
  • Мијалче – „Ах, љубов моја“, режија: Коле Ангеловски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2012
  • Владимир Ленски – „Онегин“, режија: Ѕвездана Ангеловска, Театар „Џинот“ – Велес, 2011
  • Кловнот и Црна Арапина – „ММЕ Кој прв почна“ (Дејан Дуковски), режија: Александар Ивановски,  Театар „Џинот“ – Велес,  2011
  • Таткото, Белодрински, Јосиф, Директорот Славејков и Георги –„Чернодрински се враќа дома“ (Горан Стефановски), режија: Мартин Кочовски,  Театар „Џинот“– Велес, 2010
  • Анџело (гл. машка) – „Злосторство на Островот на козите“ (Уго Бети), режија: Деан Дамјановски, Театар „Џинот“– Велес, 2010
  • Агава – „Баханалии“ (Горан Стефановски), режија: Наташа Поплавска, Театар „Џинот“– Велес, 2010
  • Патникот (гл. машка) – „Тероризам“ (Олег и Владимир Преснјакови), режија: Александар Ивановски, Театар „Џинот“ – Велес, 2009
  • Внукот на П. Шатев (гл. машка) – „Будење на ангелите“ (Т. Стојановски), режија: Слободанка Чичевска; Театар „Скрб и утеха“, 2009
  • Корифејот – „Птици“ (Аристофан), режија: Стојан Стојаноски, Театар „Џинот“ – Велес, 2008
  • Џинот (гл. машка) – „Џинот – учителот“ (Бато Димитров), режија: Деан Дамјановски, театар „Џинот“– Велес, 2008
  • ФентонВеселите жени од Виндзор“ (Шекспир), режија: Александар Ивановски, Театар „Џинот“ – Велес, 2008
  • Ѓорѓи Групчевски (гл. машка) - „Гола до пола“, (по мотивот на Ж.фајдо), режија: Никола Ристов, „Театар Крик“, Скопје, 2008
  • Синот – „Топлината во ноември“ (Јана Добрева), режија: Светлозар Гагов, Театар Колозов, 2007
  • Подведувачот – „Манипулација“ (мултимедијален перформанс на Ла страда), 2007
  • Астеропај – „Дом за птици“ (Петре Баќевски), режија: Г. Тренчевски, Театар „Џинот“ – Велес, 2006
  • Пратеникот (гл. машка) – „Ај не ми се шетај гола“, режија: Коле Ангеловски, 2006
  • Јас, Тој, Едниот и Другиот – „Таму (Еден човек на едно време)“ (Џеват Алибеговски), режија: Роберт Ристов, НУЦК „Трајко Прокопиев“, Куманово, 2005
  • Момчето -  „Хипертензија“ (кореодрама), режија: Сашо Илиев, „Театар Крик“, Скопје, 2005 
  • Рики–„Ленче од Австралија“, режија: Роберт Ристов, „Театар Крик“, Скопје, 2005 
  • Влади (гл. машка) – „Марш в кревет“, режија: Коле Ангеловски, 2005
  • Војникот – „Мушичка“ (Руцане), режија: Димитар Станковски, 2005
  • Боби – „Бегај еве ја жена ти“, режија: Коле Ангеловски, 2004
  • С. С. Медведенко – „Галеб“ (А. П. Чехов), режија: Д. Пројковски, 2004
  • Силвестер/ гл. м – „Адска машина“ (В. Андоновски), режија: Д. Станковски, 2004
  • Питер – „Ана“, режија: Ѕвезда Ангеловска, Универзална сала, 2004
  • Себастиен (гл. м.) – „Сè за мојата мајка“, режија: Мартин Кочовски, 2003
  • Неколку ликови – „Long Play“ (Г. Стефановски), режија: Сашо Миленковски, 2003
  • Синот (гл. машка) – „Духови“, режија: Светлозар Гагов, Театар Колозов, 2002
  • Актер  – „Хомоеректус“, режија: Сашо Миленковски, Драмски театар, 2002
  • Неколку ликови  – Кабаре Скопје“, режија: Љупчо Тозија, Фестивал Скопско лето, 2002
  • Црнецот – „Пат за Парамарибо“ (Томислав Османли), режија: Виолета Џолева, Фестивал Скопско лето, 2002
  • Паша – „Драга Елена Сергеевна“ (Људмила Аразимовска), режија: Александра Ковачевиќ, Народен театар Штип, 2001
  • Актер – „Show мe“, режија: Cathy Weis – USA, (мултимедијален експериментален корео-перформанс, кој преку online-конекција беше дел од претставата во  „The Kitchen" - New York, USA), 2000
  • Актер во „El Grande Play“, соработка со театарската трупа  La Ribot - Шпанија,  МОТ, 1999
  • Мутантот  – „Враќањето на Црниот витез“, режија: Кристијан Ристевски, МНТ, 1999
  • Гас  – „Лифтот од горе“ (Харолд Пинтер) – дипломска претстава, режија: Златко Славенски, МНТ, 1999
  • Детето  – „Бездушна Неда“ (Сашо Миленковски), режија: Јошико Чума, Фестивал „Охридско лето“, 1998

 

ПРЕТСТАВИ ЗА ДЕЦА:

  •  „Бети на село“, „Белите мечиња“, „Зеленковци“, „Диме и Симе во градинка“, „Палче“, „И тебе Дедо Мраз не ти е лесно со нас“, „Среќниот Јовче“, „Принцот жаба“, „Џуџето Румпелштилцхен“, „Ав-ав и Мјау-мјау“, „Печурковци“, „Пајчето Патко“, „Доаѓа Дедо Мраз“, „Пудлички“, „Црниот лебед“, „Пролетна сказна“, „Дедо Мраз и џуџињата“, „Штурецот, штурчето и мравката“, „Далматинците на Дедо Мраз“, „Принцезата од шумата“, „Дедо Мраз и Троловите“, „Царот Тонте Конте“, „Разгалената принцеза“, „Маша и нејзината волшебна приказна“.

 

РЕЖИСЕРСКИ АНГАЖМАНИ:

  • Дони Дарк“ – романтична комедија, НУ Театар Комедија – Скопје, 2017
  • „Бети на село“ – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, 2011
  • „Еден човек на едно време“ – (мултимедијален моноперформанс) Џ. Алибеговски и Р. Ристов (актер, режисер и продуцент), 2005
  • „Ленче од Австралија“, Театар Крик – Скопје, 2003
  • Асистент на режија на преставата „Просидба“, Турски театар, 2003
  • Режисер на перформансот „Сонување“ – Центар за култура, Алкобендас, Мадрид, Шпанија, 2003

 

ФИЛМОВИ И ТВ ПРОЕКТИ:

  • Командантот – „Ругање со Христос“, режија: Јани Бојаџи, 2018
  • Мијалче – „Ах, љубов моја“, режија: Коле Ангеловски, 2017
  • Чистачот на прозорци – „Чевли“ (краткометражен игран филм), режија: Бранко Костески, 2017
  • Бездомникот (главна машка) – „Бездомник“, режија: Небојша Јовановиќ, 2015
  • Братот/гл. м. улога – „Епидемија“, режија: Златко Костадиновски, 2014
  • Хасан (главна машка) – „VEAL OF FORTUNE“, режија: Гоце Цветановски, 2009
  • Водител на квизот „Ако знаеш“, ТВ Сител, 2008/2009
  • Јордан – „Досие К“ (Ванчо Петрушевски), режија: Драган Вељановски и Ванчо Петрушевски, 2007
  • Темел и Котел/ гл. машки улоги – „Котел“, филм на Златко Костадиновски, 2006
  • Подведувачот – „Ти си жива“, филм на Марија Џиџева, 2005
  • Додворувачот – „Седум приказни за љубовта и свршувањето“, режија: Александар Русјаков (ТВ серијал), 2003
  • Камерманот – „Гласот на светлината“, (ТВ филм), режија: Томи Алексов, 2003
  • Детето – „Детето без страв“ (ТВ серијал „Светот на бајките“), режија: Томи Алексов, 2002
  • Водител на квизот „Клуч“, ТВ образовна програма, режија: Томи Алексов (две сезони), 2000–2002
  • Голем број улоги во „Македонски народни приказни“ (ТВ серии на МРТВ и ТВ Сител), 2002–2012

 

 НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:

  • Интернационална награда за најдобра машка улога доделена од НЕТА во рамки на интернационалниот фестивал „Ристо Шишков“ – Струмица, за улогата на Ѓорѓи Мучев во претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“, во режија на Ѓорѓи Ризески, 2017
  • GRAND PRIX за претставата „Име“ во режија на Нени Делместре на фестивалот „Насмевка на Сараево“ – Босна и Херцеговина, 2017
  • GRAND PRIX за претставата „Баханалии“ во режија на Наташа Поплавска на фестивалот „Стоби“, 2010
  • Награда за најдобра претстава од публиката во рамки на фестивалот „Денови на комедија“ – Куманово за претставата „Ај не ми се шетај гола“ во режија на Коле Ангеловски, 2006

 

Роберт Ристов може да го гледате во следниве претстави од репертоарот на Театар Комедија:

      

ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ...

 

Режисер е на претставата Дони Дарк  во Театар Комедија.