Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Зорица Нушева

Родена на 22.06.1984 год. во Делчево.

 

ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Постдипломски студии на Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, отсек Македонска книжевност (во тек)
  • Работилница за кастинг и игра пред камера на Беатриче Кругер, Фестивал „Браќа Манаки“ Битола, 2011 год.
  • Факултет за драмски уметности, Скопје, во класа на Владо Цветановски и Мими Таневска, 2003 година

 

ТЕАТАРСКИ УЛОГИ:

  • Елизабета Богдановска Гаровска – „Име“ (Метју Делапорт и Александар де ла Пателие), режија: Нени Делместре, НУ Театар Комедија – Скопје, 2017
  • Лекарот управник на старечки дом – „Господарот на кукавицата“ (Венко Андоновски), режија: Андреј Цветановски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2015
  • Калоника – „Лисистрата“ (Аристофан), режија: Наташа Поплавска, НУ „Театар Комедија“ – Скопје, 2014
  • Никитината жена, Катја – „Чувството на брадата“ (Ксенија Драгунска), режија: Борис Лијешевиќ, НУ Театар Комедија – Скопје, 2014
  • Хера – „Многу врева за ништо“ (В. Шекспир), режија: Дејан Пројковски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2014
  • Лејди Августа Брекнел – „Важно е да се викаш Ернест“ (Оскар Вајлд), режија: Ирена Стеријовска, НУ Театар Комедија – Скопје, 2014
  • Кати – „Хамлет во пикантен сос“ (Алдо Николај), режија: Александра Кардалевска, НУ Театар Комедија – Скопје, 2013
  • Фјокла Андреевна – „Женидба“ (Н. В Гогољ), режија: Дејан Пројковски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2012
  • Инструкторката – „За секого има по една“ (Венко Андоновски), режија: Владлен Александров, НУ Театар Комедија – Скопје, 2012
  • Беба – „Ах, љубов моја“, режија: Коле Ангеловски, НУ Театар Комедија – Скопје, 2012
  • Божица Деметра, дел од хор, дел одРиР“ бенд – „Опера – Народни и класични пеења на Илијада и Кратка историја на Олимп – Антички митови, Рок Енд Рол и модерен танц“ ( Хомер), режија: Љубиша Ристиќ,  МНТ – Скопје, 2010
  • Златната кралица – „Малата Сирена“ (Русомир Богдановски), режија: Деан Дамјановски, Театар за деца и младинци – Скопје, 2010 година
  • Христина – „Г-ѓа Министерка“ (Бранислав Нушиќ), режија: Наташа Поплавска, МНТ – Скопје, 2009
  • Др. на науки – „Разведбата на Фигаро“ (Еден фон Хорват), режија: Куштрим Бектеши, МНТ – Скопје, 2009
  • Гулислав – „Дундо Марое“ (Марин Држиќ), режија: Драгана Милошевска, МНТ –Скопје, 2008
  • Викторија – „Сирена и Викторија“ (Александар Галин), режија: Горан Булајиќ, Народен театар Штип, 2008 година
  • Елмира – „Тартиф“ (Андреј Розман), режија: Владо Цветановски, Народен театар Штип, 2007
  • Кралицата на ноќта – „Волшебната Флејта“  (според Емануел Шиканедер и Волфганг Амадеус Моцарт), адаптација на Русомир Богдановски, режија: Александар Ивановски, Театар за деца и младинци, Скопје, 2007
  • Бежанија – „М. М. Е. Кој прв почна“ (Дејан Дуковски), режија: Владо Цветановски и Мими Таневска, ФДУ и Драмски Театар, Скопје, 2007

 

ТВ И ФИЛМСКИ УЛОГИ:

  • Петрунија – „Господ постои, се вика Петрунија“ – Елма Тартагич и Теона Митевска, SISTERS & BROTHER MITEVSKI, ENTRE CHIEN ET LOUP, VERTIGO , SPIRITUS MOVENS, DEUXIEME LEGNE FILMS, постпродукција
  • Јулијана – „Лазар“ – СМАЛЛ МОВЕС ДООЕЛ, – Светозар Ристовски и Grace lea Troje, 2013 година
  • Медицинска сестра – „Искушение“ – Бранко Костески, 2009 година
  • Промотивен видео спот „Macedonia Timeless“ како дел од Кампањата за промоција на Р. Македонија во соработка со Владата на Р. М. – ПРИСТОП МК, – Игор Иванов-Изи, 2009 година
  • Аптекарка – 6 (шест) ТВ емисии за медиумска Кампања за информирање и подигнување на свеста за превенција од ХИВ, СИДА, СПИ меѓу младите за потребите на Министерство за здравство – Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка – Арт Стрит 26 ДООЕЛ, – Ристо Гоговски, 2007 година
  • Жената на тренерот – „Стапица“ – Аљоша Симјановски, 2007 година
  • Зорица – „Досие К“ – Ванчо Петрушевски, 2007 година

 

 НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:

  • Награда за најдобра главна женска улога на ТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата Елмира во претставата „Тартиф“ од Андреј Розман, во режија на Владо Цветановски, Народен театар Штип, 2007

 

Зорица Нушева може да ја гледате во претставата „Име“ на репертоарот на Театар Комедија.