Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

 

Наташа Поплавска (1971 г., Скопје) завршува театарска режија на Факултетот за драмски уметности во 1999 година. Своето образование го продолжува на универзитетот „Шефилд“ во Солун, Грција, на постдипломски студии од областа на Маркетингот и менаџментот во театарот. Tеатарскиот живот го започнува уште како дете настапувајќи на сцената на Македонскиот народен театар, како балерина од нижото балетско училиште „Илија Николовски – Луј“. Подоцна на истата сцена се појавува како режисер уште како студент на Факултетот за драмски уметности. Во 1997 година со колегата Синиша Евтимов ја поставуваат претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет и ја враќаaт публиката на сцена во тогаш празната театарска сала на Македонскиот народен театар. По само неколку години, во 2002 година, огромен успех постигнува со претставата „Сина соба“, која ја поставува во копродукција со културната организација Арт Медиа и МНТ. Во 2009 година на сцената на МНТ ја поставува претставата „Г-ѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, којашто на репертпоарот се задржа сè до 2017 година.  Во 2015 год. Поплавска отвора нова страница во македонската театарска историја и го поставува првиот бродвејски мјузикл „Чикаго“ заедно со кореографот Олга Панго и диригентката Бисера Чадловска. По само две години, во 2017 г. заедно го поставуваат и мјузиклот „Мама миа!“, кој ја полни салата на Македонскиот народен театар. Двата мјузикла се во тесна соработка со МОБ. Успех доживуваат и нејзините балетски претстави „14 часа“ (2013) во кореографија на Игор Киров и модерниот балет „Врати“ (2011) во кореографија на Олга Панго. 

Поплавска потпишува бројни театарски претстави, меѓу кои позначајни се: „Зојкиниот стан“ (2017, Београдско драмско позориште, Белград, Србија), потоа „Венецијанскиот трговец“ (2017, Драмски театар, Скопје), „Figurae Veneris Historiae“ од Горан Стефановски (2016, НТ „Војдан Чернодрински“), „Црнината ѝ  прилега на Електра“ од Јуџин О’Нил (2015, Арт Медиа, МОБ), „Буре барут“ од Дејан Дуковски (2014, НТ „Војдан Чернодрински“), „Лисистрата“ од Аристофан, (2014, НУ Театар Комедија), „Цветната улица“ (2012, Театар за деца и младинци), „Оркестра“ (2011, Албански театар), Баханалии“ од Горан Стефановски (2010, НТ Велес), операта „Заробувањето на Јунис Вилијамс“ од Паула Кимпер и Х. Ердман (2008, Албански театар, Скопје), „Женички“ од Тунџер Чучуноглу (2007, Турски театар, Скопје), „Мадам кабаре“ од Маја Милановиќ (2004, Универзална сала, Скопје), „Comme moi, le Piaf“ (Народен театар Битола, поставена во 2011 година, а којашто се изведуваше сè до 2016 во земјава и во голем број европски земји). Бројни награди добиваат нејзините претстави и соработниците на: „Зојкиниот стан“, „Figurae Veneris Hostoriae“, „Венецијански трговец“, „Чикаго“,  „Лисистрата“, „Буре Барут“, „Оркестра“, „Баханалии“, „Госпоѓа министерка“, „Comme moi, Le Piaf“, и последната нејзина постановка од 2017 година, мјузиклот „Мама миа!“.

Нејзиниот режисерски ракопис се движи во доменот на тоталниот театар, создавајќи претстави кои спојуваат повеќе медиуми во уметностa: музика, танц, драма и визуелна уметност.