ЖЕНА МИ СЕ ВИКА БОРИС
Режија: Синиша Евтимов
Сценографија: Орхан Ќамилов
Костимографија: Александар Ношпал
Инспициент: Ниријамет Рушити
Суфлерка: Сања Стојковска
Играат:
Сашо Ристовски
Роберт Ристов
Мирјана Поповска – Ристов
Александар Михајловски
Жаклина Петровска
Столе Мицов
Ева Скендеровска
Премиера: 22 Декември 2017
Жена ми се вика Борис, е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чии текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени ширум светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна лиценца поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме.
Комедијата Жена ми се вика Борис, со оригинален назив Жена ми се вика Морис е современа хит претстава со: калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина.
Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија: Проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото, се вонвременски.