Дони Дарк
Режија: Роберт Ристов
Сценографија: Инес Петрова-Бошкоска
Костими: Елена Лука
Музика: Гаро Тавитјан
Виолончело: Дејан Цветковски
Тон мајстор: Ѓорѓи Положанов
Играат:
Дони Дарк: Даријан Петров
Џил: Мирјана Поповска-Ристов
Госпоѓа Бејкер: Магдалена Ризова-Черних
Ралф: Сашо Ристовски
Текстот е работен по мотиви од текстови од неколку современи американски автори.
Премиера: 26 септември 2017
Дони Дарк е романтична комедија чија содржина го опфаќа процесот на осамостојувањето на млад слеп човек, и неговата социјална интеграција во општеството, при тоа прикажувајќи ги различните емотивни фази и состојби низ кои минуваат овие лица и нивните семејства.
Дејствието е сетилно, подржано со многу интензивни емоции, и се движи некаде помеѓу болката и радоста, љубовта и омразата, моќта и немоќта, горкото и слаткото… Заради својата тематика, која ги опфаќа правата и социјализацијата на луѓето со посебни потреби, но и заради сите други квалитети кои ги има како театарска пиеса, Дони Дарк е исклучително актуелен.
Со овој театарски проект Театар Комедија беа реализирани неколку проекти за подобрување на условите за пристап и непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп и се вброи меѓу театарските куќи кои ги отвораат портите за сите категории на граѓани. За оваа претстава, по ваша претходна најава во билетарницата, обезбедуваме титл за глувонеми лица.