Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

„Гола Месечина“, 2015 г.

 

Програма:

„Стјуардеси“ од Марк Камолети, режија: Синиша Евтимов – Театар Комедија.

„Спанаќ со пржени компири“ од Золтан Егреши, режија: Ненад Витанов – Народен театар „Џинот“, Велес.

„Од кол на кол“ од Реј Куни, режија: Коле Ангеловски – Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп.

„Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ, режија: Коле Ангеловски  – Драмски театар Скопје.

„Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, режија: Адмир Гламочак – Алт Театар Сараево, Босна и Херцеговина.

„Шума“ од Островски, режија: Драгана Таневска  – Народен театар „Антон Панов“ Струмица

„Чолак“ од Мартин Мекдонах, режија: Синиша Евтимов – Драмски театар Скопје.

 

Во чест на наградените: Стендап вечер со Никола Тодороски.

 

Награди:

Комисијата во состав: Лилјана Мазова – претседател на жири, Катерина Коцевска – член и Бојан Трифуновски – член ги додели следниве награди:

Наградата за најдобра претстава ја доби претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, во продукција на Алт Театар Сараево, Босна и Херцеговина.

Награда за режија на Адмир Гламочак за претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, во продукција на Алт Театар Сараево, Босна и Херцеговина.

Наградата за женска улога оваа година жирито не ја додели.

Награда за машка улога на Рубенс Муратовски за улогата Мартин во претставата „Чолак“ од Мартин Мекдонах, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Драмски театар – Скопје.