Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

„Гола Месечина“, 2016 г.

 

Програма:

„Автобусот“ од Станислав Стратиев, режија: Здравко Митков  – Сатиричен театар „Алеко Константинов“ – Софија

„Балкански шпион во Сараево“ од Душан Ковачевиќ, режија: Сулејман Кусуповиќ – Народен театар Сараево

„Хамлет од Горно Дупени“ од Иво Брешан, режија: Кирил Петрески – НТ „Војдан Чернодрински“ –Прилеп

„Елинг“ од Сајмонт Бент, режија: Марко Манојловиќ  – Белградско драмско позориште

„Парламентарки“ од Сашо Димоски, режија: Ненад Витанов – НУЦК „Григор Прличев“

„Жорж Данден“ од Молиер, режија: Драгослав Савиќ – Народен театар од Ниш

„Македонска приказна“ во режија на Боњо Лунгов, – Театар за деца и младинци – Скопје

 

Во чест на наградените: „Нешто пропуштаме“ од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски, во продукција на Театар Комедија.

 

Награди:

Комисијата во состав: Лилјана Мазова, Славен Видак и Димче Николовски ги додели следниве награди:

Наградата за најдобра претстава ја доби претставата „Автобусот“ од Станислав Стратиев, режија Здравко Митков, во продукција на театар „Алеко Константинов“ – Софија.

Наградата за режија постхумно беше доделена на Сулејман Кусуповиќ за „Балкански шпион во Сараево“ од Душан Ковачевиќ, во продукција на Народниот театар Сараево.

Награда за женска улога на Ејла Бајовиќ за ликот на Даница Чворовиќ во претставата „Балкански шпион во Сараево“, во продукција на Народниот театар Сараево.

Награда за машка улога на Павел Пекиќ за ликот на Елинг во комедијата „Елинг“, во продукција на Белградско драмско позориште.