Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

според „Просидба“ од А. П. Чехов

Режија и адаптација: Теа Беговска

Сценографија: Сергеј Светозарев

Костимографија: Марта Дојчиновска

Автор на музика: Енес Беговски

 

 

ИГРААТ:

Режисерот/Степан Степанич Чубуков: Роберт Ристов

Актерот/Иван Васиљевич Ломов: Столе Мицов

Актерката/Наталија Степановна: Ева Скендеровска 

Директорот: Ердоан Максут

Суфлерката: Миа Кантарџиева

Музичарот: Енес Беговски

 

„Бракот е брак“ е комедија работена според „Просидба” од Чехов, а во режија на Теа Беговска. Ова е претстава преку која можете да „ѕирнете“ зад кулисите на театарот и којашто на забавен начин ќе ви одговори на сите прашања што сте ги имале за театарот како институција и за начините на кои се подготвува една претстава. Актерите од Театар Комедија со динамичната игра откриваат еден цел процес на правење претстава, проблемите со кои се соочува режисерот при „режирањето“ на претставата, задачата на суфлерот, проблематиките на создавањето на театарскиот свет, задачата на актерите… и сето тоа видено низ призмата на ликот на Директорот.

Претставата е поделена во два дела - првиот дел е за процесот на претставата и прикажани се суетите на актерите, погрешните одлуки на Директорот, вториот дел, пак, е за тоа како не треба да изгледа една претстава и за сите грешки и малери што се случуваат за време на изведбата, со што се соочуваат актерите и режисерите и на кој начин актерите се обидуваат да ја „извадат“ претставата „Просидба“.

Премиера: 14 ноември 2017

 

Kритики, објави и рецензии:

ТЕАТАРОТ… И ЗА ТЕАТАР Е ТЕАТАР!