Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“

Режија: Роберт Ристов

Сценографија: Инес Петрова-Бошкоска

Костимографија: Елена Лука

Музика: Гаро Тавитјан

Виолончело: Дејан Цветковски

Тон мајстор: Ѓорѓи Полизов

 

Играат:

Дони Дарк – Даријан Петров

Џил – Мирјана Поповска Ристов

Госпоѓа Бејкер – Магдалена Ризова-Черних

Ралф – Сашо Ристовски

(Текстот е работен по мотиви од текстови од неколкумина современи американски автори.)

 

„ДОНИ ДАРК“ е романтична комедија чија содржина го опфаќа процесот на осамостојувањето на едно младо слепо момче и неговата социјална интеграција во општеството, притоа прикажувајќи ги различните емотивни фази и состојби низ кои поминуваат овие лица и нивните семејства. Дејството е сетилно, поддржано со многу интензивни емоции, и се движи некаде помеѓу болката и радоста, љубовта и омразата, моќта и немоќта, горчливото и слаткото... Поради својата тематика, која ги опфаќа правата и социјализацијата на луѓето со посебни потреби, но и поради сите други квалитети кои ги има како театарска пиеса, „Дони Дарк“ е исклучително актуелна претстава.

Со овој театарски проект во Театар Комедија беа реализирани неколку проекти за подобрување на условите за пристап и непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп и на тој начин Т. Комедија се вброи меѓу театарските куќи кои ги отвораат вратите за сите категории на граѓани. За оваа претстава, по ваша претходна најава во билетарницата, обезбедуваме титл за глувонеми лица.  

Премиера: 26. септември 2017

 

НАГРАДИ:

  • Актерот ДАРИЈАН ПЕТРОВ ја доби наградата за млад актер - „Наум Манивилов Преспански“ на фестивалот „АКТЕРОТ НА ЕВРОПА“ за улогота Дони Дарк.

http://www.actorofeurope.net/info/actor-of-europe-2018-awards

  • Наградата за женска улога доделена на актерката Мирјана Поповска Ристов од Меѓународната театарска асоцијација НЕТА, во рамките на 26. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица.

https://teatarkomedija.mk/vesti/mimi-nagrada/

 

KРИТИКИ, ОБЈАВИ И РЕЦЕНЗИИ: