Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Автори: Александар де ла Пателие и Метју Делапорт

Режија: Нени Делместре

Адаптација и драматургија: Дарко Јан Спасов

Превод: Лилјана Плевнеш

Сценографија: Лина Венгоечеа

 

Играат:

Бети – Зорица Нушева

Петар – Роберт Ристов

Виктор – Атанас Атанасовски

Тони – Илија Илиоски

Ана – Кристина Ласовска

Претставата Име на сцената на Театар Комедија е комедија на ситуации во чиј центар лежи филигранска вивисекција на „непотребните“ расправии во едно семејство. Овој драмски текст, кој на француски носи наслов Le prenome, има доживеано и успешна екранизација на филмското платно во Франција. Дејството во претставата Име е адаптирано за едно македонско современо семејство. Дејството се одвива во станот на сопружниците Бети и Петар, каде секојдневието тече со „нормално“ темпо на живеење, сè до моментот кога Виктор, братот на Бети, како иден татко, свечено но „зајадливо“ ќе го објави името на својот нероден син. Токму луцидната постапка со изборот и најавата на фамозното име ќе нè воведе во канонада од недоразбирања во конкретното семејство, во кое расправијата за тоа кое име е прифатливо за детето на Виктор и Ана ќе доведе до уште поголеми комични заплети. Во претставата, како дел од семејството се и Тони, нивниот пријател од детството, и Ана, сопругата на Виктор.

Премиера: 10. септември 2015

Критики, осврти и рецензии:

БРАВУРОЗНА ИЗВЕДБА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА НА ПРЕТСТАВАТА ИМЕ