Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“

Избор на музика, превод, адаптација и режија: Синиша Евтимов

Сценографија: Милан Несторов

Костимографија: Александар Ношпал

Кореографија: Саша Евтимова

 

Играат:

Џаро – Атанас Атанасовски  

Брзи  – Валентин Костадиновски - Тино

Жица – Жарко Димоски

Касап – Илија Илиоски

Лепи – Столе Мицов

Роки – Едмонд Сотир

Шеф – Ердоан Максут

Лина – Жаклина Петровска

 

 „Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Бофој (филм „Фул Монти“) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но овој пат станува збор за сосема наш производ, најпрвин поради тоа што е во сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина на која можат да ѝ позавидат и Бифоу, Мекартен и Синклер.

Приказната е современа и мејд ин Скопје. Станува збор за скопска маалска група другари – навивачи, на кои најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот „на маргините“ и по хаусторите на Скопје ги издвојува од корпоративниот свет и трката по успех, па во недостиг на финансиска моќ, потенцирано од нивните секојдневни проблеми (еден има проблеми со жената, друг не може да си фати девојка, трет за да заработи служи како келнер, итн...) стануваат апатични. Но, при една средба, еден од нив наоѓа оглас за работа: се бараат млади, згодни и убави момци... за машки стриптиз!...

 

Премиера: 8 март 2016