Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Режија: Ѓорѓи Ризески

Сценографија: Роберт Ристов

Костимографија: Елена Лука

Продукција: Театар Комедија и Театар КРИК

 

Играат:

 Ѓорѓи Мучев - Роберт Ристов

 Кети Мјау Соколовска - Мирјана Поповска Ристов

Келнерот/ Водителот - Дарко Вељиќ

 

„Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“ е првото реално шоу во Театар Комедија.

Дејството на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“ помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. Тој – маж со неуспешен брак зад себеси, решен никогаш веќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура, Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се омажи на оваа средба, уште истата вечер.

Ова е единствената претстава за време на која вие како публика сте активен учесник во режирањето на претставата. Дали Таа да го бакне или да му удри шамар, дали Тој или Таа да одговори на повикот од неговата бивша жена – одлучувате вие по пат на гласање во живо!

 

Премиера: 25 декември 2016