Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Автор: Венко Андоновски

Режија: Андреј Цветановски

Драматург: Дарко Јан Спасов

Сценографија: Милан Несторов, Сергеј Светозарев

Костимографија: Александар Ношпал

Музика: Оливер Јосифовски

Дизајн на светло: Милчо Александров

 

Улоги:

Никодим – Рубенс Муратовски к.г.

Серафим – Атанас Атанасовски

Серафимка – Жаклина Петровска

Херувим – Валентин Костадиновски

Аранѓелче – Илија Илиоски

Министерот – Едмонд Сотир

Косте – Столе Мицов

Лекарката – Зорица Нушева

Златарот – Роберт Ристов

Мајстор Штерјо – Крсте Јовановски

Кафил – Ердоан Максут

Мојца – Тања Мицков

Првата невеста - Македонка – Ева Скендеровска

Втората невеста - Србинка – Мирјана Ристов

Третата невеста - Хрватка – Кристина Ласовска

Ѕверот на новото време/Никодимка – Јелена Жугиќ

 

По првата праизведба на авторот Венко Андоновски, „За секого има по една“, Театар Комедија ја повтори соработката со овој познат македонски драматург. Овој пат се работи за „Господарот на кукавицата“, комедија во која старецот Никодим од Галичник никако да умре, па затоа синот Серафим и внукот Херувим сакаат да се ослободат од него и го носат во старечки дом во Скопје, па откако од медицинскиот персонал на домот дознаваат дека татко им наместо измет исфрла танзанит, скапoцен камен, го грабнуваат од домот и си го враќаат во Галичник. Но дали е тоа навистина танзанит, каква е цената што треба да ги платат среброљубието и жедта за власт, од каде Африканец во Галичник и кој е Господарот на кукавицата од цезиумскиот часовник на Европа – клучот е во итроштините на старецот Никодим...

 

Премиера: 14. декември 2015