Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Автор: Благица Секулоска

Режија: Лидија Дедовиќ

Сценографија: Милан Несторов, Сергеј Светозарев и Лидија Дедовиќ

Костимографија: Марта Дојчиновска

Музика: Димитар Андоновски

 

Улоги:

Д-р Ката – Јелена Жугиќ

 Цвета – Елизабета Стефановска (к. г.)

 Неда – Ева Скендеровска

Ленче Кумановче – Жаклина Петровска

Спасе – Атанас Атанасовски

Осман-бег – Валентин Костадиновски-Тино

Бошко – Жарко Димоски

Досе – Илија Илиоски

Христов – Столе Мицов

Иван – Едмонд Сотир

 

Хероини од три позначајни македонски пиеси од 20 век бегаат во комедија сместена во 2032 година. Тие сакаат промени, сакаат да станат мајки. Мажите, нивните херои, одат по нив во новиот жанр за да ги вратат назад. Дали иднината е во криза, дали светот ќе стане клиника за вештачкото во секоја смисла на зборот, па дури и за драмското оплодување? 

Оваа претстава беше дел од проектот „Кршење на традицијата“ – проект на соработка на Театар Комедија и Зетски дом – со кој се преиспитуваа и редефинираа традиционалните вредности на двата народа.

 

Награди:

Награда за најдобра претстава „Исчекор во храброста“ на „Театар фест“ – Бања Лука, 2017

Награда за најдобра претстава, најдобар драмски текст, најдобра главна женска улога, најдобра машка епизодна улога и најдобра женска епизодна улога на 52. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2017

 

Премиера: 31 јануари 2017