Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Автор: Венко Андоновски

Режија: Владлен Александров

Сценографија: Тихомир Спировски

Костимографија: Илина Ангеловска

Кореографија: Нина Деан

 

Улоги:

Кандидатот за возач – Роберт Вељановски

Инструкторката – Зорица Стојановска (Нушева)

Возачот – Филип Трајковиќ

Гробарот – Атанас Атанасовски

Живко – Ердоан Максут

Вампирот/Стерјо Самоников – Роберт Ристов

Девојката (Емилија) – Нина Деан

Младичо (Емилијан) – Едмонд Сотир

Пропаднатиот политичар – Крсте Јовановски

Рамбо – Валентин Костадиновски – Тино

Трубачот – Жарко Димоски

Беседникот – Илија Илиоски

Мажанка – Катерина Шехтанска Лаковска

 

Ако стравот од смртта се победува само со комичното и со смеата, ако солзите и смеата се исто, ако гробиштата се место каде што се покажуваат апсурдноста и комичноста на сите наши амбиции, ако некој политичар си го режира сопствениот закоп додека е жив, ако еден безнадежен кандидат за возач се обучува на гробишта затоа што таму е најбезбедно, и ако уште таму прегази пешак, ако таму се раѓаат нови љубови и ноќе работи една јавна куќа... е тогаш се добива „За секого има по една“.

Станува збор за комедија чие дејство се одвива на гробишта и тоа е она што веројатно прво ќе ги одбие, а потоа ќе ги привлече гледачите, затоа што тие гробишта кај Андоновски се целосно метафорични, едно место каде што се испреплетуваат сите можни општествени односи...

 

Премиера: 10 октомври 2012