Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Автор: Николај Васиљевич Гогољ

Режија: Дејан Пројковски

Асистенти на режија: Ѓорги Ризески, Драгана Таневска

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Благој Мицевски

Музика: Горан Трајковски

 

Улоги:
Иван Кузмич Паткаљосин – Атанас Атанасовски

Илија Фомич Кочкарјов – Валентин Костадиновски

Фјокла Ивановна – Зорица Стојановска (Нушева)

Агафија Тихоновна – Нина Деан

Арина Пантелејмоновна – Кристина Ласовска

Иван Павлович Кајгана – Едмонд Сотир

Балтазар Балтазарович Жевакин – Роберт Ристов

Никанор Иванович Анучкин – Игор Георгиев

Степан – Теоман Максут

Дуњашка – Анкица Бенинова

 

Гогољ ја напишал комедијата „Женидба“ како коментар на популарните романтични комедии од почетокот на 19 век во Русија. Претставата „Женидба“ е претстава за љубовта, односно за потрагата по љубовта. Се занимава со прашањата –  што е љубовта денес, умееме ли да ја препознаеме, умееме ли доволно да дадеме од себе за љубовта. Се занимава со темата на бракот, одлуката и препознавањето на вистинскиот човек. Претставата се врти на две позиции – едната е како Сизиф, секогаш од почетокот на планината стигнуваме до врвот, пронаоѓајќи ја љубовта и освојувајќи, за потоа повторно да почнеме да се качуваме до врвот. Затоа што една од најважните работи во љубовта е освојувањето, кое треба постојано да го правиме. А слично и како Диоген, со фенер во рака се движиме, обидувајќи се да ја видиме и препознаеме вистинската љубов... 

 

Награди:

Три награди (за најдобар млад актер, најдобра музика и најдобра костимографија) на 48. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2013 година.

 

Премиера: 18 јануари 2013