СЛУЧАЈОТ ХАРМС

Режија: Дино Мустафиќ

Драматизација: Жељка Удовиќиќ – Плештина

Драматург: Дарко Јан Спасов

Сценографија: Крсте Џидров

Костими: Благој Мицевски

Музика: Оливер Јосифовски

Сценски движења: Саша Евтимова

Акробации: Петар Стојановски

Дизајн на светло: Милчо Александров

 

ИГРААТ:

Жаклина Петровска

Мирјана Ристов

Ева Скендеровска

Валентин Костадиновски – Тино

Атанас Атанасовски

Жарко Димоски

Илија Илиоски

Столе Мицов

Лука Ѓорѓиевски

Премиера: 27. Март 2016

Случајот Хармс, зборува за животот на рускиот авангарден писател Данил Хармс кој бил прогласен за антисоветски непријател и неговите дела биле забранети се до неговата рехабилитација во 1956 година. 

Хармс станува познат во Европа и светот речиси половина век по неговата смрт, земајќи предвид дека Хармс починал млад на 37 годиншна возраст.

Публиката ќе може да види една современа театарска претствата која што изобилува со силна колективна актерска игра водена од самиот Хармс, толкуван од актерот Илија Илијоски. 

Режисерскиот пристап на Мустафиќ овој пат носи современа театарска естетика која што ги вметнува сите театарски медиуми во една претстава, актерската игра, музиката, кореографијата и дизјанот.