СТЈУАРДЕСИ

Автор: Марк Камолети;

Режија: Синиша Евтимов;

Сценографија: Илина Ангеловска;

Костимографија: Илина Ангеловска;

Музика: Драган Ѓаконовски Шпато

Премиера: 6 Декември 2013;

 

ИГРААТ:

Бернард: Атанас Атанасовски;

Роберт: Валентин Костадиновски – Тино;

Берта: Марија Кондовска;

Габриела: Ева Скендеровска/Кристина Ласовска;

Глорија: Нина Деан/Жаклина Петровска;

Грета: Тања Мицков;

Претставата „Стјуардеси“ е класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт.

Формулата за совршен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка вереница. Но равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан, еден вереник, три вереници, неговиот најдобар пријател и Берта домашната помошничка која се труди да одржи се во најдобар ред.