Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Награди и признанија

 

  • На 48. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, одржан во 2013 година во Прилеп, Театар Комедија зеде учество со претставата „Женидба“ во режија на Дејан Пројковски и освои три награди:
    • Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ за актерот Валентин Костадиновски за улогата на Илија Фомич Кочкарјов во претставата „Женидба“;
    • Награда за најдобра костимографија за Благој Мицевски за костимите во претставата „Женидба“;
    • Награда за најдобра музика за Горан Трајковски за музиката во претставата „Женидба“;

 

  • На 49. МТФ „Војдан Чернодрински“, одржан 2014 година во Прилеп, Театар Комедија зеде учество со претставата „Хамлет во пикантен сос“ во режија на Александра Кардалевска и повторно се врати со награда:
    • Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ за актерот Атанас Атанасовски за улогата на данскиот принц Хамлет во претставата „Хамлет во пикантен сос“;

 

  • Во 2013 година Театар Комедија зеде учество и на фестивалот на комедија „Мостарска лиска“ во Мостар, Босна и Херцеговина, со претставата „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски, и во рамки на фестивалот освои две награди:
    • Награда „Голема Лиска“ за најдобра режија за Коле Ангеловски за комедијата „Ах, љубов моја“;
    • Плакета „Ахмет Обрадовиќ“ за Театар Комедија за најдобра продукција (за претставата „Ах, љубов моја“), во конкуренција од 11 претстави од регионот.
    • Признание „Мала Лиска“ за најдобар актер Александар Микиќ за улогата на генерал Курчубиќ во претставата „Ах, љубов моја“;

 

  • На издание на Интернационалниот фестивал за античка драма „Стоби“ во 2014 година Театар Комедија ја одигра претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски и се закити со следниве награди:
    • Награда за најдобра режија за Дејан Пројковски за претставата „Многу врева за ништо“;
    • Награда за најдобра машка улога за Жарко Димоски за улогата на Клаудио во претставата „Многу врева за ништо“;
    • Награда за најдобра женска улога за Нина Деан за улогата на Беатриче во претставата „Многу врева за ништо“;

 

  • На 13 јуни 2015 год. Театар Комедија зеде учество на јубилениот 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ со претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски, и од Прилеп се врати со една награда, и тоа:
    • Награда за најдобра кореографија и сценски движења за гостинката од Русија - Елена Прокопиева за кореографијата во претставата „Многу врева за ништо“;

 

  • Во 2015 и 2016 година Театар Комедија со претставите „Лисистрата“ во режија на Наташа Поплавска и „Случајот Хармс“ во режија на Дино Мустафиќ зеде учество на фестивалот „Денови на сатира Фадил Хаџиќ“ – Театар Керемпух, Загреб, од каде што се врати со следниве награди:
    • Награда „Сабрија Бисер“ за најдобар млад актер – карактерна комика за улогата на Старецот во претставата „Лисистрата“ (2015);
    • Пофалница за лудистичка, енергична и колективна игра за ансамблот на Театар Комедија за претставата „Случајот Хармс“ (2016);

 

  • На регионалниот фестивал на комедијата во Сараево – „Насмевка на Сараево“, БиХ, во 2017 година Театар Комедија зеде учество со претставата „Име“ во режија на Нени Делместре и во рамки на фестивалот освои две значајни награди:
    • Награда за најдобра претстава за претставата „Име“ во режија на Нени Делместре, во продукција на Театар Комедија;
    • Награда за најдобра машка улога за Атанас Атанасовски за улогата на Виктор во претставата „Име“;

 

  • На 20. издание на Интернационалниот фестивал „Петар Кочиќ“ во Бања Лука, БиХ, Театар Комедија се претстави со претставата „Трудна приказна“, од каде што се врати со наградата „Чекор во храброст“, која е единствената награда која ја доделува Жирито на Радио и телевизија на Република Српска, едногласно доделена на Театар Комедија од Скопје за претставата „Трудна приказна“ во режија на Лидија Дедовиќ.

 

 

  • На 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, одржан во 2017 година во Прилеп, Театар Комедија зеде учество со комедијата „Трудна приказна“ од Благица Секуловска, во режија на Лидија Дедовиќ, каде освои дури пет награди:
    • Награда за најдобра претстава со уметничко остварување во целина за комедијата „Трудна приказна“ од Благица Секулоска, во режија на Лидија Дедовиќ;
    • Награда за текст за Благица Секулоска за текстот „Трудна приказна“;
    • Награда за главна женска улога за Јелена Жугиќ за улогата на д-р Ката во „Трудна приказна“;
    • Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ за Жарко Димоски за улогата на Бошко во „Трудна приказна“;
    • Награда за женска епизодна улога „Димче Трајковски“ за Ева Скендеровска за улогата на Неда во „Трудна приказна“.

 

  • Во 2018 година, на фестивалот „АКТЕРОТ НА ЕВРОПА“ актерот ДАРИЈАН ПЕТРОВ ја доби наградата за најдобра машка улога - „Наум Манивилов Преспански“  за улогота  на ДОНИ, во претствата „Дони Дарк“, во режија на Роберт Ристов.

 

  • Во 2018 година, во рамките на 26. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица, Меѓународната театарска асоцијација НЕТА, на актерката Мирјана Поповска Ристов и ја додели Наградата за женска улога, за улогата на ЏИЛ, во претставата „Дони Дарк“ во режија на Роберт Ристов.