Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

За Нас

Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, и тоа на Светскиот ден на театарот – 27 март, 2012 година. Од основањето па до 2014 година, кога „се всели“ во зградата на некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар – Скопје.
Театар Комедија е жанровски определен театар, кој ги негува сите подвидови на комедијата и на својот репертоар вбројува праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија. Иако станува збор за најмладата национална театарска институција во Македонија, Театар Комедија многу брзо успеа да се постави и како сериозна и успешна театарска институција, која се издвојува од останатите по бројот на премиери и изиграни претстави, по бројот на гостувања и учества на фестивали во земјава и во странство, како и по бројот на освоени награди на национални и интернационални фестивали.

Репертоар од почетоците до денес

„Ах, љубов моја“ – автор и режисер: Коле Ангеловски; „За секого има по една“ – Венко Андоновски, режија: Владлен Александров; „Женидба“ – Н. В. Гогољ, режија: Дејан Пројковски; „Лет над кандидатското гнездо“ – Блаже Миневски, режија: Андреј Цветановски; „Хамлет во пикантен сос“ – Алдо Николај, режија: Александра Кардалевска; „Стјуардеси“ – Марк Камолети, режија: Синиша Евтимов; „Важно е да се викаш Ернест“ – Оскар Вајлд, режија: Ирена Стеријовска; „Многу врева за ништо“ – В. Шекспир, режија: Дејан Пројковски; „Чувството на брадата“ – Ксенија Драгунска, режија: Борис Лијешевиќ; „Лисистрата“ – Аристофан, режија: Наташа Поплавска; „Нешто пропуштаме“ – Горјан Милошевски, режија: Бојан Трифуновски; „Име“ – Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, режија: Нени Делместре; „Господарот на кукавицата“ – Венко Андоновски, режија: Андреј Цветановски; „Вардарски пастуви“ – адаптација и режија: Синиша Евтимов; „Случајот Хармс“ – режија: Дино Мустафиќ; „Трудна приказна“ – Благица Секулоска, режија: Лидија Дедовиќ; „Сон на летната ноќ“ – Вилијам Шекспир, режија: авторски проект на Театар Комедија; „Мечка“ – А. П. Чехов, режија: Димче Николовски, „Бракот е брак“ – според „Просидба“ од А. П. Чехов, режија: Теа Беговска; „Дони Дарк“ – режија: Роберт Ристов; „Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“ – режија: Ѓорѓи Ризески, „Жена ми се вика Борис“ – Рафи Шарт, режија: Синиша Евтимов.

Општествена одговорност

Со поставувањето на романтичната комедија „Дони Дарк“, Театар Комедија се вброи меѓу театарските куќи што ги отвораат вратите за сите категории на граѓани. Имено, за време на оваа претстава, по претходна најава во билетарницата, обезбедуваме титл (превод) за глувонеми лица. Исто така, за подобрување на условите за пристап и за непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп беа реализирани неколку проекти.

Статистика

Според статистиката Театар Комедија е најпосетуван театар во Македонија по изиграна претстава, односно, изразено во бројки, Театар Комедија бележи пораст како во бројот на одиграни престави така и во бројот на посетители, и тоа: во 2012 година на репертоарот на Театар Комедија се одиграни 48 претстави со 11.537 посетители, во 2013 г. – 69 претстави со 19.823 посетители, 2014 г. – 100 претстави со 33.833 посетители, 2015 г. – 113 претстави со 30.305 посетители, во 2016 г. – 120 претстави со 36.204 посетители, и во 2017 одиграни се 126 претстави со 33.816 посетители, односно вкупно 576 претстави кои ги погледнале 165.518 посетители.

Раководство од почетоците до денес

Од основањето до јули 2017 директор на Театар Комедија беше Јелена Жугиќ. Oд јули 2017 година за в. д. директор на Театарот е поставена Мирјана Поповска–Ристов, а од ноември 2017 година за в. д. директор на театарот е назначен Сашо Ристовски.