Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

„ЖЕНА МИ СЕ ВИКА БОРИС“, ЕДНО ЧУДО ЛАГИ, ИНТРИГИ, ЛИБИДО И МНОГУ АДРЕНАЛИН

Ако ви треба едно и полчасовна комична театарска сеанса во која ем ќе стопите калории со смеење, ем ќе влезете во скокотливиот свет на интригите, „Жена ми се вика Борис“ на Театар Комедија е одличен еликсир за вечерна оддишка. Насловот е леплив не само за очи туку и целокупната театарска естетика, која е ненападна, секојдневна, вообичаена, збрлавена, будалеста, проследена секако со по некоја пцост, ласцивен муабет…

„Жена ми се вика Борис“ е театарско огледало за љубовен триаголник… Не. За љубовен четириаголник. Или петтоаголник. Како милувате. Но, тоа е плексус од заплети, каков што веројатно не можат да осмислат ни најдобрите сценаристи на сапуници, кои занаетичиски штанцаат по 10-ина сценарија во еден месец.

Веќе докажаниот режисер, Синиша Евтимов, со „Стјуардеси“ и „Вардарски пастуви“, направил одличен кастинг на актери. Сашо Ристовски и Роберт Ристов може да ги видите во ролји кои, како што дошепнуваше публиката, им будат асоцијации на култниот „Женски оркестар“. Почнуваат како мажи, а завршуваат во светкави женски костими, перики и многу шминка. Нивната слобода на сцената е визуелно доживување што треба да се изгледа и повеќе од еднаш. Дел од екипата се младите Мими Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска.

 

Виничкиот акцент и карактерот на Столе Мицов е приказна која публиката ја остави во смеа до солзи. „Жена ми се вика Борис“   од декември се покажа како одличен магнет за публика. Станува збор за фарса, која е дело на современиот француски комедиограф Рафи Шарт. За критиката, Шарт е познат по своите одлични заплети. За многумина е најверодостоен следбеник на Жорж Фејдо. Приказната е за двајца сопружници Алек и Марија Топкареви, кои се обидуваат да го продадат станот каде што живеат… Сценографијата е на Орхан Ќамилов, костимограф е Александар Ношпал, инспициент е Ниријамет Рушити и суфлерка е Сања Стојковска.

„Жена ми се вика Борис“ е сетилно уживање што се гледа повеќе од еднаш.

Превземено од: makfax.com.mk

22.03.2018