Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

ТЕАТАР КОМЕДИЈА: „СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ - МАГИЈАТА НА ШЕКСПИРОВИОТ СОН ВО СОНОТ НА АНСАМБЛОТ НА КОМЕДИЈА

Со премиерната изведба на Шекспировиот „Сон на летната ноќ", Театар Комедија - Скопје ги одбележа првите пет години од својата прва претстава/премиера и средба со публиката. Идејата да се отвори нова страница на театарската сцена во Македонија со жанровски специјализирана куќа, и тоа на најтеатарскиот ден – Светскиот ден на театарот – 27 март, ѝ овозможи на оваа наша најмлада театарска институција на најначин да го прославува овој ден. Традиционално со нова претстава која одново и одново го преполнува гледалиштето со својата однегувана публика и секогаш со уште друга нова.

Добрите вести бргу се шират, па стана секојдневие пред билетарата да се чека во ред, или билетите за претставите да се распродаваат со денови однапред.

За петгодишниот јубилеј (27 март 2017) беше изведена премиерата на „Сон на летната ноќ“, најромантичната и најволшебната комедија на Вилијам Шекспир. Веројатно и негово најизведувано дело. Има податок дека првата изведба/праизведба била на 7 септември 1598 година. Создадена е врз елементи од комедија, пасторала и митологија. Има и многу лирика - приказот на светот на божествата, возбудливи состојби. Сите елементи се предизвик за театарот и за публиката. Затоа и има толку изведби и толку различност – во театарот во Македонија и во светот.

„Сон на летната ноќ" е авторски проект на Комедија, а изведбата (како што стои во програмката) е според Вилијам Шекспир. Преводот на оригиналот е на Богомил Ѓузел, а драматург е Дарко Јан Спасов. Поделбата на ликовите е прецизна, што на целата изведба ѝ дава можност да се искаже и да го оствари сонот на Комедија за поинаква комедија и токму според дело на Шекспир.

Во претставата, како и во повеќе на репертоарот на Комедија, играта ја водат актерите Валентин Костадиновски - Тино (Задрогаз), Атанас Атанасовски (Петре Шајка, Пролог), Јелена Жугиќ (Титанија), сега и гостинот Ѓорѓи Јолевски (Оберон) и младата Мирјана  Ристов (Томе Муцка, Ѕид). Овие актери внимателно, разиграно, целосно ја создаваат атмосферата што од нив ја бара режисерот. Секој гради лик кој впечатливо е изграден и точен.

Во другите ликови рамноправни во играта се Жаклина Петровска (Хермија), Ева Скендеровска (Елена), Жарко Димоски (Лизандер), Александар Михајловски (Деметар), Едмонд Сотир (Тезеј, Санде Свирче, Тизба), Столе Мицов (Коле Мотало, Пирам) и Илија Илиоски (Туткун, Лав).

Претставата е подеднакво насочена кон двете линии на текстот: реалниот свет на занаетчиите/мајсторите и светот на волшебствата во шумата. Заедничка е љубовта. Бидејќи се игра театар во театар заедно создаваат своја радост, а дека е целта театар, во последната сцена сите од себе ги фрлаат маските. Театарот и забавата завршуваат.

Завршува сонот за сопствената волја во времево во кое ни останува сосема мал простор за сонување. Режијата и адаптацијата следат и позиција реалноста да се игра како илузија и повеќе игра, а во сонот да се најдеме сите - да се допре сонот. А сонот е, нели, само сон...

Во шумата, од капките на љубовна течност се помешуваат сите љубови, меѓутоа „будењето“ ги поставува сите работи на свое место. Волшебставата одат низ вода, победува вистината и вистинската љубов. Или патот до победата на чистата/вистинска љубов.

Мотивите од англиската традиција кај Шекспир се заменети со некои тукашни традиции. Наместа тие се пренагласени и го одвлекуваат вниманието од вкупниот тек. Актерите и целиот тим го отсонувале и Шекспировиот и својот театарски сон.

Сценографијата, што изразено ги следи настаните во шумата и на оние маѓепсаните и нивното „будење“, е на Сергеј Светозарев и Милан Несторов, костимите се на Лира Грабул и Раде Василев, кореографијата на Саша Евтимова, пиротехничките елементи на Методија Најдовски, а дизајнот на светлото е на Александар Атанасовски.

Превземено од:

ГЛОБУС 04.04.2017

ЛИЛЈАНА МАЗОВА