Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

УРНЕБЕСНА КОМЕДИЈА

„Жена ми се вика Борис“ од Рафи Шарт; режија Синиша Ефтимов; продукција, Театар Комедија; премиера, декември 2017 г.)

 Синиша Ефтимов кој и досега се легитимирал како режисер со посебен афинитет кон комедиографскиот жанр („Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, на сцената на Театарот Комедија или „Не чукај блиску до срцето“ на сцената на струмичкиот театар...), овој пат создава претстава која жанровски е најблиску до водвиљот. Тоа, ќе рече дека неговата постановка е со жестоко темпо и динамика, претстава во која како во непрекидна низа се менуваат ситуациите, а штом ќе се навести некаков расплет, неочекувано и одненадеш се создава нов заплет. Поинаку кажано кога една конструкција се гради врз лага на која и се заканува дека ќе се растури, тогаш последиците се анулираат со поголема лага и се така во круг... Режисерот Ефтимов ја гради оваа комедија со стремеж да ја локализира и да ја ситуира на наш терен и блиска од гледачите и владеачките општествени текови. Во овој контекст тој го прави и изборот на музиката во која доминираат домашните шлагери, но и оние нумери чија содржина се подудара со она што се случува во претставата. Тоа го објаснува приемот од страна на публиката на бројните комични пресврти и необични ситуации во кои се наоѓаат ликовите. Значи станува збор за не толку амбициозна претстава ( во естетска смисла), туку за претстава чија основна цел е да забавува и релаксира во што несомнено и успева. Дури и повеќе од тоа. Со својата забавна структура, со актерски креации чија основна карактеристика е карикирањето (исмевањето на ликовите кои ги играат), таа прави длабок наклон кон естраданиот настап!

Сценографијата на Орхан Ќамилов е традиционалистичка и конвенционална со кулиси и со многу врати, односно можности за влез и излез кои го олеснуваат протокот на ликовите и дејството, кои, како што рековме, во водвиљот се бројни и непрекинати. Александар Ношпал  завршува значајна работа, како автор на костимографијата, со тоа што го овозможува преправањето и травестијата на голем број од протагонистите во оваа претстава  главно да се реализираат преку костимите и се разбира преку маската и шминката.

Актерскиот сегмент во овој тип на претстави секако се претпоставува. Инаку, заплетот започнува во моментот кога се откриваат несогласувањата помеѓу брачниот пар Алек и Марија Топкареви кои имаат намера да го продадат станот, но тоа е момент кога за малку што нема да биде откриено неверството на Алек со извесна Кристина, чија појава на сцената донесува нови заплети со еротска конотација...Потем на сцената се појавува уште еден брачен пар, па активситот на здружението „Братска помош“, кој многу скоро ќе стане Борис, несудената жена на Алек во дадената ситуација, па подоцна на оваа неверојатна галерија на ликови да и се приклучи и сопругот на Кристина...На сцената „клокоти“ и „врие“ од инстант пресврти, промени и трансфорамации кои за актерите значат можност да уживаат во бројните бравури, но истовремено и да го надоградуваат дејството со мноштво импровизации кои прозвучуваат актуелно и скокотливо за гледачите.

Актерската екипа овде е предводена од тандемот Роберт Ристов и Сашо Ристевски, во ролјите на Алек и Борис. Сашо Ристевски манифестира одлично снаоѓање во двојната ролја, како активист на здружението „Братска помош“ кое со самиот назив алудира на травестијата која набргу ќе уследи. Во креацијата на Роберт Ристов, исто така, во двојна ролја, посебно го потенцираме моментот на неговата трансформација во жена, со тоа што многу суптилно ја наведува публиката да се запраша, дали тој станува травестит заради прикривање или тоа го прави од внатрешен порив. Во актерскиот ансамбл со својата експресивност ( и телесна и емоционална) се наметнуваат Александар Михајловски и Мирјана Попвска – Ристов, а коректни и солидни се и актерските креации на Жаклина Петровска, Столе Мицов и Ева Скендеровска.

„Жена ми се вика Борис“ на режисерот Синиша Ефтимов и ансамблот на театарот Комедија е урнебесна комедија која провоцира бурни реакции и аплауз кај публиката со мноштвото комични пресврти и сочен хумор.

 

ТОДОР КУЗМАНОВ

Радио Скопје – Културен мозаик

април, 2018 г.