Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА

            Јубилејното 10. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Заплет“, во организација на Градско позориште „Јазавац“, се одржа од 20 до 26 октомври во Бања Лука. По изгледаните пет претстави кои беа во официјалната конкуренција, а во селекција на Драгана Мариќ и Љубиша Савановиќ, стручното жири на Фестивалот (во состав: Дијана Грбиќ, актерка, Сандра Љубојевиќ, актерка, и Милан Ракуљ, поет) ги одбра најдобрите актери и најдобрата претстава на фестивалот.   

            Меѓу петте претстави што се претставија во официјалната конкуренција беше селектирана и романтичната комедија „Дони Дарк“ во продукција на Театар Комедија, а во режија на Роберт Ристов. Сосема очекувано, Театар Комедија и од овој фестивал се врати со дури две од доделените главни награди на завршната вечер од фестивалот „Заплет“, и тоа:

            Наградата за најдобар млад актер со едногласна одлука му се додели на Даријан Петров за улогата Дони Дарк во претставата „Дони Дарк“.

            „На еден многу искрен и емотивен начин, Петров реалистично го долови ликот на слепото момче што си ги брани своите емоции и ставови. Слепите лица и лицата со инвалидитет често остануваат „исклучени“ од секојдневните норми што ни се достапни сите нам. Со својата веродостојна игра, Петров успеа да оствари комуникација со публиката, доловувајќи ја слоевитоста на проблемот на созревањето, потребата од себепронаоѓање и осамостојување, како и потребата од целосна социјална интеграција кај оваа група луѓе. Неговата искрена игра нè вовлече во еден нов свет, кој не може да го остави гледачот рамнодушен“.

            Наградата за најдобра актерка со едногласна одлука ѝ припадна на Мирјана Поповска Ристов за улогата Џил во претставата „Дони Дарк“.

            „Поповска Ристов шармантно, пластично и заводливо ги игра сите проблеми и ситуации со кои се соочува ведрата и енергична, но осамена Џил. Таа нè тера во исто време да ги преиспитуваме нејзините постапки  и да ја осудуваме, но и да ја сакаме и да ја браниме, откривајќи ни една искрена емоција која безрезервно ја споделува на сцената“.

            Наградите ги прими Роберт Ристов, режисер на претставата „Дони Дарк“.