Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“
„ЗА ЉУБОВТА НА ЧОВЕКОМРЗЕЦОТ ИЛИ ЗА ОМРАЗАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ“

„Дони Дарк“ е претстава што сигурно ќе го победи времето

Драмата Дони Дарк од Леонард Герш во маестрална режија на Роберт Ристов

На 29 Септември минатата година во преполнетата сала на Малата сцена на Театар Комедија, се случи еден прекрасен настан. Премиерно беше изведена драмата Дони Дарк низ бријантната актерска игра на  сутудентите на Универзитетот за аудио-визуелни уметности како главни рољи.

Драмата Дони Дарк ни покажа дека живееме во едни времиња невозможни,  дека слепиот човек Дон немаше никаков хендикеп туку благослов, тој беше оној чувствен полн со емоции над-човек, оној кој имаше посебен сензибилитет да влезе во душата од секој од нас без да ги гледа сите рушевини на овој свет. Живееше со музиката која го носеше во земјата сеуште не-нагазена, музиката која душевно и духовно беше врската со вистинскиот свет каде тој припаѓаше, во духовното царство кадешто се наоѓаше и неговиот татко, со музиката тој комуницираше и со секој од нас поединечно, со секој човек, со оние кои никогаш ги немаше видено но силно ги љубеше. Музиката која го правеше ова место на живеење многу волшебно одколку што ние другите и можеме да замислиме и за миг почна да виси прашањето: Кој е тука е со хендикеп ние обичните луѓе или ова духовно здание?

Дони Дарк е едно потсетување дека лицата со хендикеп имаат далеку посензибилна, над-чувствена, метафизичка душа, дека нетреба да заборавиме на овој чувствен елемент кога тие гледаат многу пореално и многу појасно од нас кои сме заглавени во безличието и сивилото на секојдневието.

Дони Дарк се наоѓаше во периодот кога растеше, созреваше полека но сигурно го напушташе детството, периодот кога ја запознаваше љубовта на својот живот и се разочаруваше, периодот кога мораше да ја затвори вратата на родителскиот дом како изгубен рај и да се соочи храбро со суровоста на светот што го опкружуваше. Тој небеше спремен да го сподели животот со луѓето кои не беа восхитени од убавината на човечката душа, со оние кои не ја разбираа слободата,  внатрешниот духовен свет и механизмите и сензибилитетот на духовниот човек,  на оние кои не живееа во  едно посебно духовно царство кадешто владееше уметноста, наместо очајот, борбата за гола егзистенција и заглавеноста во материјалниот свет во кој луѓето целиот свој живот го поминуваат.

Дони Дарк беше и Хамлет и Фауст, тој беше и Дон Кихот, постојано во борбата помеѓу светлината и темнината, доброто и злото, еросот и танатосот, љубовта и смртта, суровоста и уметничкиот израз. Дони Дарк беше оној поборник за силниот индивидуалитет, но и борец за спасот на човекот од темнината, тој беше и Прометеј кој нам ни го даваше оганот од Боговите  да се спасиме и дефинитивно да запливаме во духовното царство.



Кога и да го погледневме Дони Дарк секогаш се сеќаваме на оној вечен дуализам во уметноста, на борбата помеѓу формата и содржината, како борбата на Аполон и Дионис, како борбата на совршената форма виз а ви непромислените внатрешни страсти и нагони.

“Дони Дарк” ни покажа дека се додека за едно уметничко дело, за еден човек или природа се зборува за неговата форма а не за содржината за едно внатрешно чувствително битие во човекот, дотогаш ние нема да ја откриеме тајната на уметноста, тајната на светот па и тајната на причината на нашето постоење и да дојдеме до самите себе си. Затоа што како што не потсетува Киркегор човекот може се, може да ги отвори сите врати на Универзумот но најтешката е онаа кога влегува во длабочините на сопствената душа и доаѓа до самиот себе си.

Најголемиот благослов на Дони Дарк беше оној сличен на Исус или на Буда или било кој светец кога тој во очај се откажуваше, се спротиставуваше на сите вообичаени општествени мерки и системи и најчесто остануваше сам, потполно осамен, неразбран од околината во едно смртно, oсамено студенило на вселената, лице в лице со природата или со Бог. Дони Дарк го сакаше единственото свое светло кое го имаше запалено во неговата душа и често во него бараше спас од лудилота на материјалниот свет, тој во тоа светло создаваше и еден посебен свет, му прибегнуваше и тука почнуваше неговото творештво, но и неговиот неспокој. Тоа кандило силно што блескаше во неговата душа,  трескавично го поврзуваше надреалниот небесен свет со земскиот, свет во кој Дони Дарк со неподнослива леснотија комуницираше и се снаоѓаше, па за миг помислувавме дека е токму тој оној месија пратен од Бога, да ја поврзе земјата со небото а луѓето во материјалниот свет да ги промени со помош на љубовта и уметноста. И токму затоа тој несмееше никогаш да го види овој несовршен свет - токму затоа што неговата душа носеше светлина која ја покоруваше најдлабоката темнина на човекот.

Дони Дарк слепиот човек со огнена душа импресионираше и со еден внатрешен творечки гениј од којшто извираше истовремено голема смелост, бескрајна болка и огромна радост што публиката интензивно ја чувствуваше во текот на целата претстава.  

Тој веруваше апсолутно во својата светлина и неправеше никакви компромиси со медиокритетските норми во општеството и по цена на се што сакаше и по цена на се што му беше свето во животот. Тој беше совршено исхармонизиран внатре себе си и не повикуваше секого од нас со секој гест, со секој стих, со секој неискажан збор, со секој музички тон - да го запалиме и разгориме вечниот оган на љубовта внатре нас,  да влеземе во тоа светлечко небо на сопствената душа и енергично да се спротиставиме на темнината во која несфатливо како, но се најде човекот.

Тој ни фрли ракавица и ни ги постави отворено оние највозбудливи и секогаш неизвесни прашања за борбата  помеѓу светлината и темнината и прашањето знаеме ли ние луѓето од каде доаѓаме и каде повторно се враќаме?

Силната болка, силните разочарувања во љубовта Дони Дарк ги преточуваше во волшебни музички звуци, музиката за која и Ернест Блох ни кажа дека е болна воздишка за она што сме го љубеле но изгубиле, за она што никогаш нема да се врати.

Дони Дарк” ни покажа дека со помош на љубовта човекот се менува, дека навидум невозможното станува возможно, дека со помош на љубовта чудата катадневно силно и сигурно чукаат на нашата врата, а нашиот живот е неповторливо искуство и прекрасно волшебство. Тој ни покажа дека иако со неговата најголема љубов имаа  животни стилови градени на потполно различни основи, постоеа навидум несовладливи антагонизми, сепак можеа да се исхармонизираат и доведат до совршенство единствено низ и преку љубовта. Тој ни покажа дека во љубовта како и во музиката владеаат ДУР и МОЛ кои се симфонично исхармонизирани, тие никогаш не се раздвојуваат туку се соединуваат, едниот на другиот му го покажува излезот, едниот е нужен основ (потпора) за другиот, првиот му дава стабилност на другиот,  а другиот го омекнува во својата строгост до духовно совршенство.

Богатството на внатрешниот свет на Дони Дарк и неговата љубов кон човекот, кон светот, својата сакана, својата мајка ги повлече сите нив во еден волшебен круг и ни покажа дека љубовта и само љубовта победува. Тоа беше најмоќното оружје на Дони Дарк со кое ги отвораше вратите на нашите души, силно и трескавично не насочуваше да одиме длабоко низ безграничните хоризонти на нанашата душа, ни покажа дека нетреба да го бараме светлото на крајот на патот, туку дека ние сме тоа светло, кое страствено гори за да не поврзе со Небесното.

Преку љубовта на своето семејство и својата најголема љубов Дони Дарк ни ја отвори и вратата кон уметноста, тој беше оној кој многу ригорозно ја отфрли материјата и ни ги покажа вистинските духовни вредности.

Гледајќи ја борбата на Дони Дарк во својата најчуствителна фаза на развојот нималку едноставна и за оној кој ги поседува совршено сите сетила, интензивно лебдеше прашањето: Каков е овој свет? И дали по карактерот на тој свет по својата суштина не се дефинира и трагичното чувствување на животот?

Дони Дарк толку различен, толку недостижен за нас обичните смтрници, толку совршен во своето несовршенство ни покажа дека тајната на животот е во светлината на нашата душа што тој толку јасно ја гледаше. Тој не одлепи од се што е земско и материјално и не натера да ги затвориме очите и да признаеме дека љубовта е парче светлина помешу две темнини, онаа од којашто несфатливо како но дојдовме и онаа во која можеби и ќе заврши човекот доколку никогаш не ја почувствува.

 Сите овие духовни превирања внатре во нас не ќе можеа да се остварат без маестралната актерска игра на Даријан Петров како Дони Дарк, Мирјана Поповска – Ристов неговата најголема љубов во оваа драма и првенката на Театарот Комедија, монументалната Магдалена Ризова Черних  во улога на мајката и Сашо Ристовски како Ралф. Оваа драма ќе беше недоречена во својата порака без волшебните музички звуци на Гаро Тавитјан во изведба на Дејан Цветковски и костимографијата на Елена Лука.  

Дони Дарк не е  престава која еднаш ќе се прикаже, таа засигурно  ќе го победи времето како што не победи сите нас низ вештата и маeстрална режисерска палка на Роберт Ристов кој блесна со сиот свој сјај и ни покажа дека и режирањето а не само актерството е дел од неговата уметничка природа и дух и веќе се прашуваме што следно ќе ни прикаже Роберт Ристов како вонвременски актер и режисер.

 

Проф. Др Мимоза Рајл

Директор на Институтот за сценски уметности –ЕСРА

 

Превзено од: www.novamakedonija.com.mk

Септември 2017