Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

 

Вечерва започнува петтото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“. По тој повод, Градончалникот на Општина Аеродром Златко Марин  и  селекторот на фестивалот Роберт Ристов денес дадоа свои изјави пред новинарите.

Претставите започнуваат во 21:00 часот, а локацијата на која ќе се изведуваат претставите е спортскиот центар „Ново Лисиче“. Поради лошите временски услови, денешната претстава „Једваносимсобоакаломистобо“ ќе се изведе на сцената на Театар Комедија во 21 часот. Доколку и во текот на следните денови се појави потреба за промена на локацијата на изведување на претставите, ќе бидете навремено известени (затоа следете нѐ на нашата ФБ  и веб-страница).

Ова се претставите што ќе може да ги погледнете во официјалната конкуренција:

18.06.2018 „Једваносимсобоакаломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, режија: Алеш Курт - Сараевски воен театар (САРТР), Босна и Херцеговина

19.06.2018 „Синиот Портокал“ од Џо Пенхол, режија: Александар Ивановски – Театар Џинот Велес

20.06.2018 „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, режија: Душан Јовановиќ – Народен театар Ниш, Србија

21.06.2018 „Умри машки“  од Алдо Николај, режија: Коле Ангеловски  –  Народен Театар – Штип

22.06.2018 „Кидај из моје кухиње“ од Реј и Мајкл Куни, режија: Андреа Ада Лазиќ –  Шабачки театар, Србија

23.06.2018 „Дванаесеттата ноќ – спроти Водици“ од Вилијам Шекспир, режија: Дејан Дамјановски – Народен театар „Антон Панов“, Струмица

На 24.06. за најмладите од 20:00 ч. ќе биде изведена претставата „Тоби“, во режија и адаптација на Драгослав Тодоровиќ, во продукција на Театар за деца и младинци – Скопје

По претставата следува прогласувањето на победниците на Фестивалот, а од 21:30 во чест на наградените ќе настапи  стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски.

На фестивалот ќе бидат доделени 5 награди: награда за најдобра машка улога, награда за најдобра женска улога, најдобра режија, гран-при за најдобра претстава и специјална награда за посебни уметнички вредности.

Жири-комисијата е во состав: претстедател Иван Лео Лемо (режисер од Р. Хрватска), Магдалена Ризова Черних (актерка од Театар Комедија) и Љупчо Петрушевски (актер и поранешен долгогодишен директор на Македонскиот народен театар).