Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

СО ПРЕТСТАВАТА „ЈЕДВАНОСИМСОБОАКАЛОМИСТОБО“ НА САРАЕВСКИОТ ВОЕН ТЕАТАР ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ФЕСТИВАЛОТ „ГОЛА  МЕСЕЧИНА“ 2018

„Во периодот од 18 до 24 јуни во населбата Аеродром, Скопје, ќе се одржи 5. издание на меѓународниот театарски фестивал  „Гола Месечина“. Во конкуренција за награди се шест претстави, од кои три се претстави на македонските професионални театри, а другите три се претстави на странски театри“, соопшти денеска селекторот на Фестивалот, актерот и режисер Роберт Ристов.

На 18 јуни Фестивалот ќе го отвори претставата со наслов „Једваносимсобоакаломистобо“ („Jedvanosimsoboakalomistobo“) од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, во режија на Алеш Курт, претстава на Сараевскиот воен театар САРТР од Босна и Херцеговина.

На Фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка и за најдобра претстава во целост. Од оваа година фестивалот внесе уште една категорија на награда  –  специјална награда за посебни уметнички вредности.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, изјави дека ова е можност граѓаните бесплатно да гледаат квалитетни претстави од македонските театри и од други држави и ги покани и тие да бидат дел од оваа културна манифестација.

Меѓународниот фестивал „Гола месечина“ е значајна културна манифестација за нашата општина, која се одржува под отворено небо и предизвикува голем интерес кај аеродромци, но и кај жителите на другите општини. Општина Аеродром годинава издвои еден милион денари за поддршка на овој културен настан и дава логистичка и медиумска поддршка.

Еве ја и целосната програма на фестивалот „Гола Месечина“ 2018:

Повеќе за програмата на линкот: ГОЛА МЕСЕЧИНА 2018

 

Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, изјави дека на затворањето на фестивалот ќе биде одиграна претстава и за најмладата публика, претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци – Скопје, по што ќе бидат доделени наградите, а веднаш потоа свој настап во чест на наградените ќе има стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски.

Во вториот дел од прес-конференцијата, Ристовски даде отчет пред новинарите за сработеното во последните 6 месеци, истакнувајќи ги следниве работи:

Направена е нова пристапна рампа (според пропишаните стандарди) за лицата со телесен инвалидитет, продуцирана е претстава со титл - за лицата со оштетен слух, за прв пат е ставена во функција малата сцена на Театар Комедија, извршено е делумно реновирање на гримиорните на актерите (по пат на спонзорства), обезбедени се 35 нови столови за гардеробите (по пат на спонзорство), извршено е целосно реновирање на шминкерницата/фризерницата, набавени се нови чешми и болјер, извршено е делумно реновирање на административната зграда, купен е интерфејс (кој го немаше и беше позајмуван од други театри за да може светлото на претставите безбедно да функционира, во делот на осветлувањето), направен е нов излог за плакати (поранешниот беше стар над 20 г.), од септември (2017) па досега се продуцирани вкупно 5 премиери (6-тата е во подготовка).

На 12.06. 2018 со претставата „Дони Дарк“ Театар Комедија ќе земе учество на МТФ „Војдан Чернодрински“ –Прилеп, во официјалната конкуренција.

Во моментов сме во процес на подготовка на претставата „Мизантроп“ во режија на Ана Вукотиќ, која во оваа соработка доаѓа со комплетен уметнички тим од Црна Гора. Премиерата на „Мизантроп“ ќе биде на фестивалот „Охридско лето“ 2018;

По долг период пуштена е во функција нова веб-страница на Театар Комедија.

Театар Комедија отпочна хуманитарна акција со која средствата од билетите од секоја последна претстава од месецот се донираат на лица на кои име е неопходна помош за лекување. Досега е помогнато на 6 лица, а минатиот месец донацијата се искористи за купување прочистувач на воздух за во Институтот за белодробни заболувања на децата – Козле.

Потпишан е меморандум за меѓународна соработка со Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград, Р. Бугарија;

По барање на управата со писмен допис до Агенцијата за управување со одземен имот при Владата на Р. Македонија, ни беше доделено возило во трајно владение на НУ Театар Комедија, со што го збогативме возниот парк и го подобривме функционирањето на администрацијата.

Иако не ни беше одобрен буџет за меѓународниот фестивал „Гола Месечина“ од страна на Министерството за култура на РМ,  во соработка со Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин обезбедивме буџет за квалитетно реализиран фестивал, кој ќе се одржи од 18 до 24 јуни 2018 година.

Во јули и август следува реконструкција на кровната конструкција на Театар Комедија, како и фасадно и внатрешно уредување на театарот со средства доделени од Министерството за култура.

Потпишан е меморандум за соработка помеѓу Театар Комедија и Агенцијата за иселеништво, со цел модерната македонска уметност и култура да допре до иселениците.

На 25.05.2018 закажана е средба за потпишување меморандум за меѓународна соработка помеѓу НУ Театар Комедија - Скопје и Градско казалиште Комедија – Загреб, Р. Хрватска; Потпишувањето на меморандумот ќе биде во Загреб, Р. Хрватска.

За периодот од септември до декември 2018 г. предвидени се уште две премиери, гостувања низ РМ, гостување надвор од РМ и учество на неколку фестивали.