Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

 

           

   

      И по којзнае кој пат, Театар Комедија покажа дека е млад театар, но со голема душа, и дека заслужено се вбројува меѓу театарските куќи што ги отвораат вратите за сите категории на граѓани.

      Можноста да уживаат во смеа за време на наша претстава овој пат ја имаа најмладите. Имено, за време на вчерашната изведба на „Бракот е брак“ во режија на Теа Беговска, во публиката беа присутни деца од Детскиот дом „11 Октомври“, СОС Детското село, како и деца од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ – Скопје. За време на претставата искрените детски лица не ги криеја задоволството и насмевките, па така присутните деца, заедно со своите воспитувачи и психолози, во неколку наврати ги наградија актерите со силен аплауз.

      По завршувањето на претставата, психологот во ЈУ „25 Мај“, Весна Милосављевиќ, изјави: „Извонредни глумци со големи срца. Голема благодарност за прекрасната претстава од мене и од сите мои сонциња. Направивте да се чувствуваме посебно, радосно и забавно...“. Задоволството го делиме и ние од Театар Комедија, затоа што постоиме за нашата публика и ќе продолжиме да сме „театар за сите“.