Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

ТЕАТАРОТ… И ЗА ТЕАТАР Е ТЕАТАР!

За „Бракот е брак” продукција: Театар Комедија, режија: Теа Беговска

                

          
Да се прави претстава за самата претстава, да се актуелизира чин за самиот чин, е секогаш интересен предизвик, особено ако режисерот драматуршки си ја „изрежира“ сопствената режија, притоа сакајќи да ни докаже дека театарот со сите свои сништа, сеништа и фрустрации, го носиме и имаме и дома, е дури тогаш имаме театарско сочинение, во кое сè е можно!
                       

Па така, можно е во случајот со претставата „Бракот е брак” воообрзената режисерска реинкарнација на А.П.Чехов да ја режира „Просидбa”, притоа „лечејќи“ се од сопствените несигурни животни врвици, да имаме актерка чиј сон е сал да го одработи своето, да видиме актер кој и покрај несогласувањето со тоа што го гледа и работи го одработува своето, да имаме директор кој во својата изгубеност самиот прави театар, се разбира. И за среќа задкулисно, да сме сведоци на суфлерка, која ништо не разбирајќи ќе нè доведе до моментот на апсолутна невиност, речиси изедначена со глупост и така сè до недоглед…
Сè до моментот кога Чеховата „Просидба” станува претстава во еден бурлескно-фарсичен амбиент, во кој режисерот и двајцата актери се играат самите себеси, но и Чубуков, Ломов и Степановна, и во кој „невидливиот“ актер Теа Беговска е, всушност, режисерот, добиваме и имаме нешто за што впрочем и постои театарот: едноставно да се препуштиме и насмееме на играта заради игра, па макар во неа да е вткаена и нашата сопствена глупост!

Во целокупната таа фарсична бурлескност, речиси беспрекорно се втурнуваат Роберт Ристов, алијас режисерот или Чубуков, Столе Мицов, алијас актерот или Ломов, и Ева Скендеровска, актерката и Наталија, заедно со „смотаниот” директор на Ердоан Максут и невината глупост на суфлерката Миа Кантарџиева, а сите нив „немо” ги следи Енес Беговски, со својата гитара како се(не)присутниот музичар… Целата оваа екипа видливо се забавува на сцената, притоа забавувајќи нè и нас „отаде” рампата, кој на крајот од претставата на Театар Комедија излеговме насмеани и позитивни, што бездруго значи остварена цел. Оттаму, благодарност до Теа и компанијата, во која се уште и Сергеј Светозарев преку својата сценографија, Марта Дојчиновска со асоцијативно инволвираните костими, и „притаената“ звучност на музиката на Енес Беговски.

преземено од www.teatarce.mk