Репертоар
За избраниот датум нема претстава.
Во рамките на 26. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица, Меѓународната театарска асоцијација НЕТА ѝ ја додели наградата за женска улога на актерката Мирјана Поповска Ристов за нестандардно карактерно и живо толкување на современа хероина за ликот на Џил во претставата „Дони Дарк“ на Театар Комедија од Скопје.
Ова е втора награда за оваа романтична комедија со социјална тематика, што укажува на тоа дека претставата започна да има богат фестивалски живот, односно дека фестивалските жири-комисии ги препознаваат уметничките квалитети на претставата „Дони Дарк“.
Ако сè уште ја немате проследено оваа претстава, ве известуваме дека нејзината прва изведба месецов е на 29 септември (сабота), со почеток во 20 ч. на малата сцена во Театар Комедија.