Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

НОВО ФОАЈЕ И НОВА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Утревечер (13 септември) започнува новата сезона во Театар Комедија. Продажбата на билети продолжува со истата динамика од минатата година, така што поголем дел од претставите се веќе распродадени уште пред почетокот на сезоната. В.д. директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, изјави дека за време на летниот период е извршено делумно реновирање на Театар Комедија.

Имено, со финансиска поддршка од страна на Министерството за култура на Р.М., беше извршено менување на покривната конструкција на Театарот. За време на колективниот одмор (поточно на 10 август) дел од театарот беше поплавен, по што следуваше период на санирање на настанатата штета, кое се состоеше од: менување на подот во фоајето, бојадисување на фоајето и на гледалиштето, поставување нови врати, завеси, синтелон, итн. Еве и неколку фотографии од новото руво на Театар Комедија: Ве очекуваме!!!