Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

„ОД АГОЛОТ НА ГЛЕДАЧОТ“- Kaтерина Грозданова

За Дони Дарк

МАГИСТЕРСКА РАБОТА НА РОБЕРТ РИСТОВ, ИГРА ОДЛИЧНА ЕКИПА – МЛАДИОТ ДАРИЈАН ПЕТРОВ, ПОДДРЖАН ОД ПОСТАРИТЕ КОЛЕГИ, МИРЈАНА РИСТОВ, МАГДАЛЕНА РИЗОВА-ЧЕРНИХ, САШО РИСТОВСКИ

Една исклучитело мирна, поставена претстава, која во себе носеше бура од емоции, фрустрации, смеа, која беше дозирана точно, за да не премине во вулгарност или потсмев… Дозираноста кај актерите беше на високо профисонално ниво, со оглед на добрата екипа, не се очекуваше ни помалку од самата претстава. Шансата која му ја доделил режисерот Роберт Ристов, преку главната улога како Дони Дарк, добро ја искористи младиот актер Даријан Петров, кој ни покажа и раскажа како се туркаат бариерите, на еден мирен начин, свесно, во време кога секој би си го знаел местото во опшеството, исто  како што младиот Дони Дарк знаеше каде припаѓа и знаел што може да работи, само така и тогаш би живееле во скоро совршен свет. И сите луѓе со хендикеп би немале пречки. Нè „измами“ сите со совојот раскошен талент, а сè уште е на студии на ЕФТА, во класата на Магдалена Ризова Черних.Таа пак, како негова мајка, која е единствената семејна домашна пречка, во овој случај мајката – заштитничка, го претвора и го смета за свое „бебе“ веќе зрелиот маж. Пишувајќи романи и самата си ја лечи својата болна фрустрација за својот син.

Борбата  на децата да се одделат од своите родители, во случајов нејзиниот син, ја прави строга, недоверлива, и тоа под „преголемата грижа за болното“ дете. Сето тоа „мама“ Черних го прави, мајсторски, стамено, врвно актерски…

А децата сакаат слобода, за да летнат иако се слепи. Гледаат повеќе од оние што не се слепи. Сосетката која со цел свој талент ја предаде на сцената Мирјана Поповска – Ристов беше слободна, своја, полна со сè и сешто во себе, и сето тоа во крајности. Лесно го премина, низ смеа и невидливи солзи, неговто физичко слепило, понекогаш и преку детска игра. Бидејќи таа знае за љубов, за сонот за да се биде актерка, но како и многуте „здрави “ луѓе кога ќе им се предочи реалноста во која живеаат лицата со хендикеп, решението е едно –  бегство! Дури и со првиот недоделкан грубијан, кој понижува, тепа… „режисер“, но, само физички  здрав. Сашо Ристовски одлично ни го долови ликот со само неколкуминутна појава на сцената.

Во претставата „Дони Дарк“ на малата сцена во Театар Комедија  течеше сè беспрекорно, минутите станаа миг, а сето тоа изгледаше лесно, прелесно…

Актерите ни покажаа дека и без многу вулгарности една претстава може да е смешна, дури и за публика која тешко се смее. Можеби сето ова погоре му овозможи на режисерот Роберт Ристов полесно сè да му појде од рака, и да нè прошета низ оваа негова прва постановка, и тоа како успешно. Си поставил исклучително тешка задача. Минималистичката сцена, искористена целосно, го прикажа како режисер што мисли.

Смелоста на Ристов да се занимава со овој текст, за лица со хендикеп, конкретно за слепите, се надевам дека ќе поттикне и конечно да се направи и нешто за глувите лица (има и титл за нив) и за сите други лица со попреченост.

Претстава за сите! Театар за сите! Браво!

Катерина Грозданова, (септември 2017) Превземено од http://teatarce.mk/2017/09/