Репертоар
Репертоар

За избраниот датум нема претстава.

Новости

ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
ПРЕТСТАВАТА ДОНИ ДАРК – НАГРАДЕНА СО НОВИ ДВЕ НАГРАДИ ВО БАЊА ЛУКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЗА САРА НАСТЕСКА
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
МЛАД ТЕАТАР СО ГОЛЕМА ДУША
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА
УШТЕ ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА НАГРАДА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ДОНИ ДАРК“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

БИЛЕТИТЕ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕ ПРОДАВААТ „СО БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА”

Комедијата е жанр кој на театарската публика во Македонија очигледно најмногу ѝ лежи, па не зачудува фактот што токму билетите во Театар Комедија се продаваат „со брзина на светлината”.

И од самиот театар посочуваат дека има претстави кои се вистински адути на оваа културна установа, како „Вардарски пастуви”, „Стјуардеси”, „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“, „Дони Дарк“ и, најновата меѓу нив, „Жена ми се вика Борис“. За нив и лично можеме да потврдиме дека навистина важи онаа стара македонска: „Ајде ред се редат, мале”, бидејќи со денови однапред буквално се чека да биде објавен датумот на одржување на претставата за веднаш да се купи билет.

Статистиката вели дека овие претстави во принцип се продаваат во период од 1 до 5 дена по објавувањето на репертоарот, а најбарана е „Вардарски пастуви”, за која билетите се распродаваат за 48 часа. Практиката во театарот е секоја од претставите да се изведува два пати месечно, а најизведувана од сите е претставата „Стјуардеси“, за која во октомври славевме јубилејна стота изведба. Таа е и најстарата претстава која сè уште е активна на репертоарот”, вели Роберт Ристов, маркетинг раководител на Театар Комедија.

Во моментот, како што ни открива Ристов, актерите на Театар Комедија работат на подготовка на нова претстава со наслов „Не сега, драга”, на режисерот Коле Ангеловски, а премиерата е предвидена за 27 март, со што ќе се одбележи Светскиот ден на театарот и шестиот роденден на Театар Комедија.

„Не сега, драга” е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Приказната е за еден парламентарец кој доаѓа од провинција во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на претседателот. Но, со пратеникот доаѓа и неговата жена… и тука почнува хаосот…

Следуваат нови премиери во Театар Комедија

Во текот на сезоната 2018 ќе се реализираат претставите „Мизантроп” од Молиер, во режија на Ана Вукотиќ (Црна Гора), „Викенд на мртовци“ од Миле Попоски, во режија на Ѓорѓи Ризески, и „Не можам да платам и не сакам да платам” на Дарио Фо, во режија на Александра Кардалевска.

„Радува фактот дека салоните на претставите во Театар Комедија се секогаш преполни, а наша обврска е да го задржиме нивото на претставите и да продолжиме со продуцирање квалитетни претстави. Што се однесува, пак, до условите за публиката и актерите во театарот, можам да кажам дека работиме на случајот. Во почетокот на сезоната беше направена нова рампа за пристапност на лица со ортопедски помагала, се отстранија неколку фиксни седишта од гледалиштето и се поставија монтажни столчиња кои се вадат кога во публиката имаме лица во количка. На претставата „Дони Дарк”, секогаш кога однапред ни е најавено присуство на глувонемо лице, задолжително следува и проекција на титл. Иновација е и тоа што воведовме онлајн-продажба на билети (www.karti.com.mk), а во изработка е веб-страницата на Театар Комедија, преку која, исто така, ќе може да се купат билети за претставите”, додава Ристов.

Во септември, според Ристов, било изврешено реновирање на гримиорните на актерите, кои се опремени со нови столчиња. Во периодов е предвидено реновирање на шминкерницата и опремување со целосно нов ентериер, а како што додава Ристов, од Министерството за култура на РМ се одобрени и средства за реновирање на покривната конструкција на театарот… 

Преземено од: http://www.skopjeinfo.mk