БОЛИВУД
БОЛИВУД (мјузикл)
Автор: Маја Пелевиќ
Превод и препев: Наташа Илиевска и Наташа Поплавска
Режија и кореографија: Наташа Поплавска
Дизајн на сцена и костими: Емил Петро
Композитор: Огнен Анастасовски
Дизајн на светло: Милчо Александров
Аудио дизајн: Бојан Угриновски и Томи Анчов
Изведувач на костими: Љубица Велкова
Корепетитори: Сара Николовска и Ана Костадиновска
УЛОГИ:
ДИРЕКТОРКАТА НА ТЕАТАРОТ – Жаклина Стевковска
ПРВЕНЕЦОТ – Атанас Атанасовски
ПРВЕНКАТА – Жаклина Петровска
РОМОТ – Жарко Димоски
МЛАДАТА ГЛУМИЦА – Ева Скендеровска
МЛАДИОТ ГЛУМЕЦ – Сергеј Димовски
РАБОТНИЧКАТА – Миа Кантарџиева
Премиера: 6 ноември 2019
Низ бајковидна утопија за доаѓањето на Боливуд во нашиот регион, ние се обидовме да раскажеме приказна за сите нас и за она за што сме способни, ако можеме да добиеме подобра иднина.
Авторката Маја Пелевиќ создава современа мјузикл-комедија, која преку сонгови и комични ситуации посочува на проблемите во нашите транзициони посткомунистички општества.
Овој наш боливудски мјузикл гради своја кабаретски боливудска форма, која допира до нашите блиски колективни мемории. Создадовме претстава-мјузикл, која по својот израз оди на работ помеѓу Брехт, Боб Фосе и Мејерхољд…