Човек, ѕвер и доблест

Автор: Луиџи Пирандело

Режија: Егон Савин

Сценографија: Весна Поповиќ

Костимографија: Елена Дончева

Асистент на костимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска

Избор на музика: Егон Савин

Адаптација на текст: Егон Савин

Превод: Љупчо Петрушевски

Лектор: Зорица Манаскова

Стручен консултант: Петар Арсовски

 

УЛОГИ:

Професор Паолино – Атанас Атанасовски
Морнар Перела – Сашо Ристовски
Госпоѓа Перела – Сашка Димитровска (к. г.)
Доктор Нино Пулејо – Жарко Димоски
Аптекар Тото – Жарко Димоски
Слугинка Розарија – Кристина Ласовска
Ученик Џиљо – Тони Денковски
Слугинка Грација – Жаклина Стевковска-Дрнасин
Ноно, 11-годишен син на Перела – Ева Скендеровска

 

Премиера: 23 декември 2019

Пирандело пишувал долго време, поминувајќи ги сите фази од натурализам преку експресионизам и футуризам до авангарда. Но во сите свои дела тој секогаш се занимава со „кризата на моралот“. Лагата и лицемерството во меѓучовечките односи е невозможно да се измерат. Не постои човек што барем еднаш не посегнал по лагата за да ги прикрие своите пороци и слабости. Пиранделовата лична и литерарна слобода се состои во тоа да ги именува нештата со нивното вистинско име. Во современиот театар има изобилство претстави кои зборуваат за човекот конфронтиран со тиранијата на власта, на полицијата, на војската, бирократијата…

Но што кога човекот е загрозен од страна на своите сакани… од оние што му се најблиски?

Семејната драма е најболна драма. Секогаш неочекувана, никогаш отворена, секогаш мимикрирана, маскирана со ритуалите на семејниот живот. Понекогаш оваа игра носи маска на пријателство, нежност, еротска љубов, грижа и пожртвуваност… Овие „маски“, овие ритуали на секојдневниот живот им овозможуваат на луѓето колку-толку поднослив живот, без крв. Таквиот живот по одредено време резултира со презир и омраза кон себеси, резултира со меланхолија, со лудило…