Ах, љубов моја

Текст и режија: Коле Ангеловски

Сценографија: Илина Ангеловска

Костимографија: Лира Грабул

Музика: Џенгиз Ибрахим


УЛОГИ:

Сузан – Нина Деан

Селпин – Атанас Атанасовски

Директорот – Крсте Јовановски

Беба – Зорица Нушева

Нини – Кристина Ласовска

Азем – Едмонд Сотир

Мијалче – Роберт Ристов

Г-ѓа Трпкова – Жаклина Стевковска

Фидан – Бојан Велевски

Генералот Курчубиќ – Александар Микиќ

Ѓорче – Ердоан Максут

Мариче – Слаѓана Вујошевиќ

Боби – Валентин Костадиновски


Премиера: 27 март 2012

„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пејачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите.

Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што сè тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот, сепак, ќе завршат со среќен крај.

 

Награди:

Три награди (за актер на вечерта, најдобра режија и за најдобра продукција) на фестивалот „Мостарска лиска“ – Мостар, Босна и Херцеговина (2013).