Вечера за глупаци
Времетраење: 2 часа и 15 минути
Автор: Францис Вебер
Режија: Ирена Стеријовска
Сценографија и костимографија: Ана Кркулевска Попоски
Асистент на сценограф: Дарко Ристески
Избор на музика: Александар Јорданов
Дизајн на светло: Владимир Димоски
УЛОГИ:
ПЈЕР БРОШАН – Валентин Тино Костадиновски
ФРАНСОА ПИЊОН – Атанас Атанасовски
САМО ЛЕБЛАН – Илија Илиоски
ЛИСЈЕН КОЊАЛ – Тони Денковски
КРИСТИНА БРОШАН – Ема Давчева
МАРЛЕНА – Благица Трпковска
ДОКТОР АРШАМБО – Јаков Спасов / Столе Мицов
Премиера: 22 ноември 2019
„Вечера на глупаци“ е приказна која го коментира високото француско општество кое презаситено од сè што може да си пружи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните од нив. Имено, темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и перспективата од која тоа се доживува.
Во дејствието се раскажува за претставник на високото општество, кој по серија случајни несреќи кои му се случуваат, заглавува на вечера со претставник на онаа група која планирал да ја исмева.
Во таа фарса од ситуации се отвора прашањето: кои се вредностите што креираат квалитетен живот, дали тоа што може материјално да се поседува и општествениот сталеж или способноста да се сочувствува и да се биде искрен?
Земајќи ја предвид сè поголемата поделеност на општеството по основ на богати и сиромашни, на социјално прифатени и социјално несоодветни, оваа приказна ги открива и другите нијанси помеѓу крајностите во кои може да се види дека среќата е апстрактен концепт чија предвидливост и контрола порано или подоцна станува мит.