“ВЕЌЕ НЕ Е НИ СМЕШНО” – ПРЕМИЕРА 11.04.2023

Времетраење: 2 часа и 5 минути

Автор: Сашо Кокаланов

Режија: Срѓан Јаниќијевиќ

Костими: Лидија Георгиева

Сцена: Марија Ветероска

Светло: Илија Тарчуговски

Музика: Игор Василев – Новоградска

Плакат: Мартина Петровска

Фото: Кире Галевски

Видео: Машина продакшн

Играат:

Атанас Атанасовски – КОМИЧАРОТ/ТРЕНЕРОТ ПЕПИ/ЧИЧКО ВАНЕ
Тино Костадиновски – ПОПОТ/САШЕ
Сергеј Димовски – ПСИХИЈАТАРОТ/СРЕЧКО
Тони Денковски – АРМАНДО/СОФИЈАН/НОВИНАРОТ
Жаклина Петровска – ДЕВОЈКАТА НА КОМИЧАРОТ/РОДНЕ/ВАСЕ/ИСУС/НОВИНАРКАТА
Виктор Арсов – ЖАНКО

„Веќе не е ни смешно“ е црна комедија за комедијата денес. Пиеса што ја раскажува приказната за еден комичар кој запаѓа во депресија зашто сите почнуваат да му го јадат лебот. Хуморот, неговиот занает, станува задолжителен, излитен и банален.

Комичарот се наоѓа помеѓу чеканот и наковалната: од една страна свет во кој сите се смешни и имаат слобода да го истурат својот лош хумор секаде околу себе, од друга страна цензорското око на збудалената политичка коректност. Како да продолжи да твори фрлен среде океанот на универзалната смешка и со врзани раце и нозе од cancel-културата.

Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго.

Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс; на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената на смеата.