Викенд на мртовци

Автор: Миле Попоски

Режија: Ѓорги Ризески

Сценографија: Сергеј Светозарев

Костимографија: Андреј Папаз Ѓоргиевски

Кореографија: Саша Евтимова

 

УЛОГИ:

ТАСЕ – Роберт Ристов

АТИНА – Магдалена Ризова Черних

ТАЦА – Жаклина Стевковска

МИЦА, ЕЛЗА – Миа Кантарџиева

ЦАНДЕ – Столе Мицов

АЧКО – Жарко Димоски

КИРЦА – Едмонд Сотир

ЛАДЕ – Александар Вељановски

ДИРЕКТОРОТ – Сашо Ристовски

СЕКРЕТАРКА НА ДИРЕКТОРОТ – Мирјана Ристов

КЛИМЕ – Дритон Вејсели

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, ЕРНА – Кристина Ласовска

 

Премиера: 20 ноември 2018

Тасе е известен дека неговата жена починала на една од клиниките во Скопје. Набргу неговиот дом се исполнува со нивни роднини и пријатели и сите чекаат да пристигне ковчегот со умрената за да ја оплачат и погребаат. Пристигнува ковчегот со умрената, но откако ќе го отворат, му нема крај на изненадувањето зашто внатре не е Кате, сопругата на Тасе, туку некоја непозната жена. 

Веднаш бараат објаснување од Државната болница од каде штосе известени дека во сплет на околности, направена е размена на покојничките и дека нивната Кате се наоѓа кај некој Климе од Охрид, а неговата жена е во ковчегот што пристигнал кај Тасе. Тасе и Климе воспоставуваат врски и се договараат да си ги разменат покојничките при што постигнуваат договор да се сретнат на полпат…

Ова е култен текст и ние направивме оригинална претстава, не со цел да биде подобра, туку претстава направена на наш начин, тргнувајќи дека не е поставена долго и дека денес живееме во друго време. Темата на авторот е вечна и трае, и идејата и прашањето беше како ние гледаме на тоа, како нашите ликови се справуваат со таа тема која отсекогаш постои…