Фестивал на комедијата “Гола Месечина” 2021

НУ Театар Комедија и Општина Аеродром и годинава заеднички го организираа Фестивалот на комедијата ,,Гола Месечина“. Поради падемијата, Фестивалот се одржи во согласност со препораките за одржување настани на отворено. Локацијата годинава беше на спортското игралиште во Ново Лисиче. Во прилог можете да ја погледнете програмата на фестивалот.

Ден 1 (16.09.2021) – Прочитајте повеќе за свеченото отворање на театарскиот фестивал „Гола месечина“.

Ден 2 (17.09.2021) – Гостувањето на претставата „Црвенкапа“ – Театар за Деца и младинци – Скопје.

Ден 3 (18.09.2021) – Третата фестивалска вечер – “Мој термин”, комедија во изведба на МНТ.

Ден 4 (19.09.2021) – “Вообразен болен” во изведба на НУЦК ,,Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Ден 5 (20.09.2021) – “Чудесна Терапија” на Драмски Театар.

ПРОТОКОЛ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ “ГОЛА МЕСЕЧИНА” 2021

  • Задолжително носењето на лична заштитна опрема;

-Задолжително е носењето на лична заштита на лицето (маска, шал, марама) на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, во спротивно влезот нема да биде дозволен без заштита на лицето.

         -Задолжително е поседување и приложување на:

        – Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19.

-Задолжително мерење температура на влез, за секој посетител.

  • Одржување на физичко растојание;

-Престојот на публиката на настанот задолжително се регулира со обележани места за седење на посетителите, поставени на растојание од 1,5 метри помеѓу нив.

          -Не  е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката.

        – Задолжително одржување на физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, при влез и излез од настанот, а се препорачува физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација во текот на реализација на настанот.

– Ограничување на капацитетот на посетители (200 седишта).

         -Настанот на отворено се организира со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот.

  • Обезбедување честа дезинфекција на рацете:

    -Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

 – Задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот.

  • Редовно чистење и дезинфекција на бината;

-Редовно одржување на хигиената на бината пред започнување на изведбата на секоја од претставите.

  • Задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки:
  • На влезот;
  • Во просторот каде се одржува настанот.

Забрането е внесување на храна и пијалаци.

Влегувањето на публиката започнува 1 (еден) час пред почетокот на претставата (поради регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез)

Организаторот има право да го отстрани секој посетител на настанот кој не ги почитува мерките дефинирани во Протоколот.