ГРДИОТ

Автор: Мариус Фон Мајенбург
Режисер: Ирена Стеријовска
Драматург: Благица Секулоска
Сценограф: Стефан Спировски
Костимограф: Ана Кркулеска Попоски
Анимација: Марко Ружин
Дизајн на светло: Владимир Димоски
Избор на музика: Ирена Стеријовска

Играат:
Лете – Атанас Атанасовски
Шефлер – Валентин Костадиновски – Тино
Фани – Наталија Теодосиева
Карлман – Тони Денковски

Ова е приказна која на прв поглед се занимава со опсесијата за убавина на модерниот човек. Но истражувањето на оваа тема оди длабоко во вивисекција на капитализмот, конзумеризмот и модерниот начин на живеење, неизбежно стигнувајќи до тезата за уништениот индивидуализам. Претставата го прати процесот во кој човековата природа попушта пред притисокот на веќе унифицираните императиви за убавото и грдото, за доброто и лошото, каде неминовно личниот идентитет станува излитено парче облека што треба да се замени со ново, блескаво тукушто произведено парче.