Премиера 12.12.2023, 20:00, Театар Комедија, мала сцена
Демнејќи го Годо
Времетраење: 65 минути
Автор: Драго Јанчар
Превод од словенечки јазик: Лидија Димковска
Режисер: Сибел Абдиу
Сценографија: Луиџи Бејта
Костимографија: Ивана Каранфиловска
Кореографија: Александра Кочовска-Начева
Автор на музика: Аљбин Сопа
Асс. на костимограф: Марија Ѓоргиевска
Играат:
Жаклина Стевковска-Дрнасин − ФРАНКА
Џенап Самет − ФРАНЦ
Едмонд Сотир − ЈОЖЕФ
Селпин Керим – ЈОЗУЛА
Сузан Акбелге – ФЕЛИЦИТА
Инспициент: Ердинч Рушид
Суфлер: Весна Куковска
Тон мајстор: Емрах Џемаили
Светло Мајстор: Беќир Кубур
Шминка/фризура: Севим Ќерим
„Демнејќи го Годо“ на Драго Јанчар, коешто може да се каже дека е еден вид парафраза на апсурдната класика „Чекајќи го Годо“, прикажано во едно поинакво време и во поинаква средина, сепак се занимава со стравот, сомнежот и контролата на општеството со помош на тие механизми и го обликува постоењето на човекот. Но, без разлика на тоа што овој драмски текст е сериозен во однос на тематиката, сепак мајсторијата на Јанчар е во тоа што успеал сето тоа да го покаже низ една призма на апсурдни ситуации, кои сами по себе може да се толкуваат и како комични, а во суштината се трагични. Со оглед на тоа што ова е прва копродукција помеѓу НУ Театар Комедија и НУ Турски театар Скопје, кои долги години делат ист покрив, работев со Жаклина Стевковска и Едмонд Сотир од Театар Комедија, и Џенап Самет, Селпин Керим и Сузан Акбелге од Турски театар кои првпат се споија во овој проект, а самата соработка ни донесе многу креативен и забавен процес.
Сибел Авдиу, режија
Среќен сум што во Театар Комедија најдоа кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Оваа пиеса ја напишав кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето. Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини.
Драго Јанчар, автор